за

Топ 10 Автомобили со најмалку килограми по коњска сила

ferrari-488-Pista
ferrari-488-Pista

Автомобилите ја поседуваат таа моќ, што и во времиња кои не се најсреќни, можат да донесат оптимизам и разонода. Тука станува збор за најосновното правило за добри перформанси, за врската меѓу коњските сили и тежината на возилото. Правилото е едноставно: Помалку товар, повеќе забава. Во кои десет автомобили има основа за најголема забава?

Моделите што секојдневно се среќаваат по улиците, не им ја олеснуваат многу работата на моторите во нив. Volkswagen Golf 1.5 TSI од седмата генерација, со своите 130 КС уште е солидно моторизиран автомобил. При тежина од 1.315 килограми, тоа дава сооднос од 10,1 килограм тежина на возилото за секоја една коњска сила на моторот.

Јасно е што ќе се случи, ако од Golf се одземат двестотини, тристотини килограми. Да претпоставиме дека со отстранување на седиштата, опремата, облогите, изолацијата, тежината може да се донесе до 1.000 килограми. Соодносот меѓу тежината и коњските сили во тој случај би изнесувал 7,69 килограми на 1 КС, наспроти првичните 10,1 kg/КС. Тоа е одличен напредок, Golf 1.5 со 130 КС ќе забрзува подобро, ќе „лежи“ одлично. Но, може и уште поекстремно од тоа. На пример, два килограми за секоја КС на моторот.

Bugatti Chiron тежи најмногу во оваа конкуренција, но затоа располага и со 1.500 КС

Автомобилите што се во нашиот Топ 10, не се такви што се гледаат секојдневно по улиците. Bugatti Chiron, на пример. Тој е супериорно моќен со своите 1.500 КС, или поточно, тој поседува речиси двојно повеќе КС од повеќето останати модели во оваа конкуренција. Хиперавтомобилот изработен на границата на Франција со Германија, води на овој список. Причината што Bugatti не се вбројува меѓу шампионите во лесна управливост, лежи во неговата тежина – близу два тони. Крајниот резултат пак е врвен, со 1,33 килограм тежина за секоја коњска сила на моторот. Како за ориентација, претходниот Golf GTI со 230 КС постигнува сооднос од 5,93 kg/КС и далеку е од тром со спринтот за 6,4 секунди до сто.

Веднаш по Chiron следи Ferrari 488 Pista, како дополнително олеснета верзија на 488 GTB. Италијанскиот болид тежи приближно колку Golf, но затоа има на располагање 720 КС. Соодносот тука е 1,79 kg/КС. Со таква вредност се сосем нормални 2,8 секунди спринт до темпо 100 или 7,6 секунди до двесте километри на час.

На овој план добро се снаоѓа и McLaren. Нивниот 675LT е ултралесна изведба на „средната класа“ на Британците и комбинира 675 КС со 1.230 килограми. Спринтот е 2,9 секунди до темпо сто. Уште еден модел на McLaren во овој Топ 10 е 720S, кој поседува 45 КС повеќе, но и потежок е стотина килограми.

Donkervoort е „моралниот“ победник во овој Топ 10, бидејќи чини двапати помалку од останатите – но, тоа пак се 170.000 евра

Овие автомобили од островот сепак се пеколно скапи. За уживањето во екстремните перформанси и во привилегијата на малку килограми, а многу КС, да биде подостапно, се грижи Donkervoort D8 GTO Performance. Тој не чини ниту половина колку McLaren, но тоа уште се најмалку 170.000 евра. Тежината ја прави разликата. Само 685 килограми, во комбинација со 380 КС.

Листата понатаму ја комплетираат најразлични модели на Ferrari. Италијанците се мајстори во оваа дисциплина. „Најдостапната“ можност да се ужива во автомобил од овој Топ 10, чини најмалку 30.000 евра, за Ferrari F8 Tributo.

Значи, да се вратиме на нашиот Golf, но овојпат нека биде Golf R во верзијата од 2018, со 310 КС. За тој со своите 1.483 килограми да се квалификува за овој Топ 10, доволно е „само“ тежината да му се донесе на 623 килограми. Тоа би било многу тешко, речиси неизводливо. Сепак е подобро да се посегне по класичниот начин, да се зголеми и моќноста на моторот. Најдобро, да се замени со V8. И така натаму.

Топ 10 Автомобили со најмалку килограми по КС

Марка и модел
Цена, евра
КС
kg
kg/КС

Bugatti Chiron

2.700.000

1500

1996

1,33

Ferrari 488 Pista

360.000

720

1280

1,78

Mclaren 675LT

390.000

675

1230

1,82

Donkervoort D8 GTO Performance

170.000

380

695

1,83

Mclaren 720S

320.000

720

1319

1,83

Ferrari F8 Tributo

300.000

720

1370

1,90

Ferrari 812 Superfast

400.000

800

1525

1,91

Ferrari F8 Spider

325.000

720

1400

1,94

Ferrari 812 GTS

400.000

800

1600

2,00

Ferrari SF90 Stradale

450.000

780

1570

2,01

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mitsubishi Delica D 5 good design

Mitsubishi има добар дизајн и награда за тоа

На што да се внимава при користење такси за време на кризата со корона

На што да се внимава при користење такси за време на кризата со корона