за

Луксембург шампион со 662 автомобили на илјада жители

автомобили на илјада жители

Според последните статистики, во Луксембург има регистрирано повеќе автомобили на илјада жители отколку во која било друга европска држава. Водечката тројка ја комплетираат Италија и Малта. Актуелната слика од македонските улици може да наведе на помисла дека и нашата држава е некаде близу до врвот, но бројките покажуваат друго.

Статистиката го прикажува големото кнежевство Луксембург како европски шампион според бројот на регистрирани патнички автомобили на илјада жители. Со 662 автомобили по 1.000 жители, малечката држава меѓу Белгија и Холандија ја предводи листата на најмоторизирани држави во Европа. Завидната позиција не треба да чуди, ако се има предвид дека БДП изнесува преку 100.000 долари.

Но, некогаш едноставно пресудува пасијата кон автобилите. Италија е веднаш на второто место, со 625 возила по илјада жители. Изненадува статистичката потврда за третото место. Таму е островската држава Малта, кадешто на секои илјада жители има регистрирано по 615 автомобили. Следат Финска и Кипар, па уште едно изненадување. Полска број 571 автомобил, авто-нацијата Германија брои 555 автомобили по илјада жители.

Повеќето држави бележат историски рекорди во бројот на автомобили на илјада жители

Податоците се однесуваат на 2016 година, што укажува на „длабочините“ од коишто се извлечени истите. Интересно е да се погледне трендот на соседна Бугарија, во периодот меѓу 2010 и 2016 година. Бројот на возила во тој период се зголемил од 353 на 443 автомобили по илјада жители. Јужните соседи исто така се држат солидно, со 479 возила, што е споредливо со Шпанија, Холандија, Франција или Шведска.

Според државната статистика, во Македонија во 2015 година биле регистрирани 383.833 автомобили, што пресметано грубо според вкупната бројност на населението од околу 2,1 милиони, покажува сооднос од 184 автомобили на илјада жители. Но, тоа е бројка што е пресметана грубо и може да се води само ориентациски.

Број на патнички автомобили по 1000 жители во европските држави

Статистички податоци за 2016 година

Држава

Автомобили по 1000 жители

Луксембург

662

Италија

625

Малта

615

Финска

604

Кипар

595

Полска

571

Германија

555

Естонија

534

Словенија

531

Белгија

503

Чешка

503

Шпанија

492

Холандија

481

Грција

479

Франција

479

Шведска

477

Португалија

470

Велика Британија

469

Литванија

456

Бугарија

443

Ирска

439

Словачка

390

Хрватска

374

Летонија

341

Унгарија

338

Австрија

546 *

Данска

Романија

261 *

* податоците се однесуваат на 2015 година

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

АДАК Тест на летни гуми 2018 - 205

Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 205/55 R 16 V

Kymco Ionex EV Scooter 5

Kumco најави нов концепт на електричен скутер