177
22 shares, 177 points

Највлијателните британски медиуми и авторската ѕвезда од подрачјето на автомобилизмот, веројатно во светски рамки, Џереми Кларксон, вторпат ги избираа најдобрите автомобили на годината. За изборот решаваа гласовите на повеќе од 270.000 читатели.

Најпопуларните медиуми во Велика Британија, вклучувајќи ги светски познатите имиња, како The Times, The Sunday Times, The Sun и talkSPORT, вторпат го организираа изборот на најдобрите автомобили и лесни товарни возила во сите категории и сегменти – придружени со името на светскиот број 1 автор од подрачјето на автомобилизмот, Џереми Кларксон.

Изборот се состоеше во тоа што публиката гласаше за изборот на автомобилите што според оцените на експертите се квалификуваа за битката за титули. Вкупно пристигнаа повеќе од 270.000 гласови, што му дава веродостојност на целиот избор.

Џереми Кларксон, кој објавува во „The Sunday Times“ и секако е еден од водителите на „The Grand Tour“ го избра Ferrari Pista во категоријата на суперспортски автомобил на годината, додека Bentley Continental GT V8 го награди со титула на национален автомобил на годината. Останатите победници се Porsche 911, кој е автомобил на годината според „The Sunday Times“ и Land Rover Defender, како избор на годината на „The Sun“.

Во продолжение е целосниот список на победниците во изборот:

Семеен СУВ: Range Rover Evoque

Малечок СУВ/Кросовер: Volvo XC40

Авантуристички автомобил: Ford Ranger Raptor

Семеен автомобил: Volvo V60

Градски автомобил: Ford Fiesta

Спортски автомобил: Aston Martin DBS Superleggera Volante

Автомобил што одговара за пес: Nissan X Trail

Зелен автомобил: Tesla Model 3

Технологија: Nextbase Series 2 Dashcam

Дизајн: McLaren GT

Спортски компакт: Mercedes AMG A-35

Најдобра противвредност: Kia Picanto

Ван/Пикап: Mercedes Sprinter

Автомобилска личност: Гај Мартин

Британски автомобил: Bentley Continental GT V8

Производител: Volvo

The Sun Legend Award: Renault Clio

The Sun Car of the Year: Ford Land Rover Defender

The Sunday Times Car of the Year: Porsche 911

Луксузен автомобил: Mercedes S 63 Cabrio

Суперавтомобил во избор на Џереми Кларксон: Ferrari Pista

Национален автомобил во избор на Џереми Кларксон: Bentley Continental GT V8

Во состав на Nevs UK влегуваат The Times, The Sunday Times, The Sun, The Sun on Sunday и The TLS, кои покриваат повеќе од 65% од пазарот на вести – само The Sun достигнува 32,8 милионска публика. Дел од компанијата е Wireless, со неговите talkSPORT, talkRADIO и Virgin Radio.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

177
22 shares, 177 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *