171
22 shares, 171 points

Голем број фирми ширум светот целосно го запреа или го намалија производството поради вирусот корона. Некои од нив почнаа со производство на заштитна опрема, меѓу нив има и големи добавувачи на автомобилските фабрики.

Во време на кризата со вирусот корона, кај голем број компании ширум светот престанаа да пристигаат нови нарачки за производство. За капацитетите да не мируваат бескорисно, некои фирми го префрлија производството на заштитна опрема. Секоја дополнителна количина од оваа опрема е добредојдена. Кај нас исто така се појави рана иницијатива кај неколку компании, за производство на заштитна опрема, вклучувајќи маски и визири. Наведуваме неколку примери од светот:

Познатиот добавувач ZF од почетокот на март изработува заштитни маски во Кина. За таа цел, компанијата набави посебна машина, којашто дневно произведува меѓу 90.000 и 100.000 маски. ZF во исто време испорачува маски и за своите 14.000 работници во околу 40 фабрики во Кина. Таму е задолжително носењето заштитна маска на работното место. Доколку не се обезбедеше доволна количина од маски, производството во тие фабрики ќе мораше да мирува. Со актуелната продукција, работниците во целиот производствен синџир на ZF, можат да ги менуваат маските на секои четири часови.

Компаниите што шијат навлаки за седишта за автомобили исто така се вклучија во изработка на заштитна опрема

Компанија што изработува навлаки за седишта за возила исто така се вклучи во производството на заштитни маски. Баварската Zettl Automotive произведува по налог на владата на германската сојузна покраина, при што ја добива потребната вата од производителот Sandler. Готовите маски оттаму се доставуваат до баварските клиники, амбуланти и болници.

Итало-американскиот концерн Fiat Chrysler исто така планира дел од своите фабрики да ги пренамени за производство на заштитни маски. Тие ќе се испорачуваат само за болничкиот персонал. Целта е месечно да се произведуваат повеќе од еден милион заштитни маски. Како што наведуваат од компанијата, заштитните маски ќе се произведуваат во фабрика во Азија.

Домашната иницијатива напредува одлично:

Неверојатно добар прв ден. Околу 280 визири, 150 штитници и 150 дистрибуирани. БРАВООООООО3D Принт Медицинска Опрема

Posted by Aleksandar Karevski on Tuesday, March 24, 2020


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

171
22 shares, 171 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *