за

Производителите имаат две години да ја скусат емисијата на СО2 за 20 проценти

Новата директива на ЕУ за емисијата на СО2 е најголем проблем за производителите на автомобили. Никој производител моментно не ги исполнува строгите ограничувања.

Најголемиот проблем со којшто моментно се соочуваат производителите на автомобили не е ниту неизвесноста на Брегзит или заканите за повисоки увозни царини во САД, туку е новата директива на Европската Унија, донесена во минатиот месец.

Според директивата, европските производители на автомобили мораат за само две години да ја намалат емисијата на СО2 за 20 проценти. За споредба, емисијата на стакленичкиот гас во последната декада се намали за само 25 проценти. Постојат и низа други ограничувања што производителите ќе мора да ги почитуваат по 2025 и по 2030 година.

Тревата по површината на smart пречистува 7 килограми СО2 од атмосферскиот воздух за една година

Тоа ги става концерните пред три вида предизвици: Во индустриски, финансиски и комерцијален поглед. Потребно е брзо и беспоштедно прекројување на разновиднаа понуда од погонски единици, во корист на возилата со алтернативен погон, вклучувајќи ги сите видови хибриди, електрични возила, модели со погон на метан или автогас.

Доколку проиводителите на автомобили останат на емисијата на СО2 како во 2018 година, казните што ќе ги платат на ЕУ ќе достигнат вкупно 30 милијарди евра

Производителите што нема да ги исполнат барањата на ЕУ ќе бидат соочени со високи парични казни. Според емисијата на СО2 на ниво на цела марка, со вредностите од 2018 година, сите производители би требало да платат казна во висина од 30 милијарди евра. Тоа е половина од нето-заработката на големите автомобилски концерни.

Аналитичарите ценат дека цената на производство ќе се зголеми за околу седум проценти до крајот на 2020 година, односно за околу петнаесетина проценти до 2025 година. Доколку овие трошоци не се компензираат и се пренесат директно на продажната цена на автомобилите, продажбата би опаднала за 9% до 2020 година, односно за дури 18% до 2025 година.

Се спомнуваат најразлични катастрофални сценарија, меѓутоа автомобилските производители се премногу моќни за да дозволат да бидат изненадени

За ова катастрофално сценарио да се избегне, концерните ќе мораат и натаму да ги скусуваат трошоците, како и да користат огромни кредити. Ќе се потпишуваат и договори за партнерства, на пример марки со превисока емисија на СО2 ќе можат да се здружат во тој поглед со марки што имаат ниска емисија. Не се исклучени и нови спојувања меѓу автомобилските марки.

За експертите е сосем извесно дека производителите нема да ги исполнат амбициозните цели на ЕУ, односно истите ќе ги исполнат само во една третина. Предвидувањата се дека цените ќе се зголемат за 2,6 проценти до крајот на 2020 година, а тоа ќе предизвика продажбата да се намали за 2,9 проценти.

Заминувањето на дизелот не ги зголемува емисиите на СО2

ЕУ бара за третина помалку СО2 од автомобилите до 2030 година

ЕУ бара наплата на патарина според емисијата на СО2

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat суперкомпјутер

Seat користи суперкомпјутер со моќ на 40.000 обични компјутери

Mercedes часовници

Часовници на Мercedes: Кога ѕвездата ја носиш на рака