за

Автобуси возат на водород добиен од отпад

Автобуси возат на водород добиен од отпад
Автобуси возат на водород добиен од отпад

Автобусите во јавниот превоз во германскиот град Вупертал од утре почнуваат да возат со водород што е добиен со користење на енергија од отпад. Тоа е одличен пример за користа врз животната средина, кога ќе се здружат комуналните претпријатија, јавниот превоз и електробистрибуцијата.

Во термоелектраната на комуналното претпријатие во германскиот град Вупертал, во којашто се произведува „зелена“ електрична енергија преку согорување на биогениот дел во отпадот, во исто време се добива и водород. Гасот се добива по пат на електролиза, со користење на енергијата што е добиена од одржливи извори. Водородот понатаму служи како погонско гориво за новите автобуси во јавниот превоз во градот.

Водородните“ автобуси постигнуваат досег од околу 300 километри, што е значително повеќе во споредба со автобусите кои користат батерија. Локалната електродистрибуција се грижи за оптимирање на енергијата, односно водородот се произведува првенствено во периодите кога во струјната мрежа има голем удел енергија добиена од ветерници и соларни колектори.

Сините автобуси долги 12 метри не се разликуваат однадвор од автобусите што користат дизел. Главната разлика е во издувната цевка, од којашто автобусите со погон на водород не испуштаат ниту грам штетни материи. Оттаму единствено може да излегува чиста водена пареа. Електромоторот со моќност од 286 КС се напојува со енергијата што се произведува при хемиската реакција на водородот во горивната ќелија – таа е воедно и суштинскиот дел од водородниот погон.

Покрај тоа што автобусите не испуштаат штетни материи, има уште една придобивка што ја чувствуваат и патниците и средината во којашто се движат автобусите на вородот. Тие не создаваат бучава, во движење се слушаат само гумите.

Проектот е изведен со финансиска поддршка во вкупна висина од 6,5 милиони евра, со средства од ЕУ, од сојузната германска покраина Северна Рајна – Вестфалија и од здружението на превозници во рурското подрачје. Вкупните трошоци за проектот изнесуваат 12 милиони евра.

Автобусите се производ на белгиската компанија Van Hool и располагаат со простор за 75 патници. Тие се долги 12 метри и тежат 14 тони. Модулот од горивни ќелии располага со моќност од 85 киловати, а за резерва постои и батерија литиум-титанат-оксид. Максималната моќност изнесува 210 киловати, односно 286 КС. Цената на еден автобус изнесува 650.000 евра, што е трипати повеќе од обичен дизел автобус.

Во возниот парк во градот моментно сообраќаат 10 возила со погон на водород, а во следната година ќе пристигнат уште десет. Компанијата со 300 сопствени автобуси и со прочуената „лебдечка“ железница, лани превезла 85 милиони патници.

Електричните автобуси пред 50 години ја влечеа батеријата зад себе

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model 3 proizvodstvo

Tesla ќе отвора втора фабрика во САД

Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата

Jaguar Land Rover ќе укинува повеќе модели во понудата