за

Холандија нарача 20 автобуси со погон на водород

автобуси со погон на водород Solaris_Urbino_12_hydrogen
автобуси со погон на водород Solaris_Urbino_12_hydrogen

Solaris доби нарачка за испорака на 20 градски автобуси Urbino 12 со погон на водород, кои ќе сообраќаат во градовите по западното крајбрежје на Холандија.

Дваесет автобуси со погон на водород од крајот на следната година ќе вршат превоз на патници во градовите по западното крајбрежје на Холандија, во покраината што се води како Јужна Холандија, воедно и најнаселен регион во земјата.

Погонот со водород, односно со горивни ќелии е технолошки најнапредниот погон што има достигнато сериско производство. Во автобусите Solaris Urbino 12 hydrogen се користат модули на горивни ќелии со моќност од 70 киловати. Водородот се чува во гасна форма во 5 резервоари под висок притисок, кој и самите се изработени со врвна технологија и поставени се на покривот. Четирите резервоари од композитни од композитен материјал се поставени надолжно над првата оска на автобусот и имаат вкупна зафатнина од 1.560 литри.

Погонот на водород исто така користи електромотори, но енергијата за нив не ја црпи од батерии, туку од водородот, кој стапува во хемиска реакција во горивните ќелии

Водородот стапува во хемиска реакција во горивните ќелии, по што се создава електрична енергија, која потоа служи за напојување на погонскиот електромотор. Конретно водородните автобуси на полскиот специјалист Solaris користат два електромотори. Дополнително се вградува и релативно мала батерија, како резерва во случај да има проблем со снабдувањето со водород. Единственото што излегува од погонот е чиста пареа.

Нашите патишта стануваат се повеќе оптоварени. Здравјето на нашите патници и жители ни е од најголема важност, така што пуштањето во сообраќај на возила кои гарантираат почист воздух е голем чекор напред

Флор Вермојлен, регионален министер за сообраќај и транспорт на Јужна Холандија

Според нарачката, во автобусите има 37 седишта. Патниците пристапуваат преку врати во конфигурљција 1-2-0. Станува збор за нископоден автобус, со УСБ-приклучоци, климатизација, инфо-дисплеи и простор за инвалидска количка. Место со ретровизори, возачот го следи сообраќајот преку камери и дисплеи.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Полнењето водород ќе се врши во автобуското депо во Нејненорд. Станицата ќе можат да ја користат и патнички автомобили со погон на водород, коишто се очекува да се продаваат во поголем обем во следните години. Самото полнење трае неколку минути, по што се добива досег исто како кај обичниот погон.

Автобусите со погон на водород од Solaris наидуваат на голем интерес. Лани, за италијанскиоот град Болцано беа нарачани 12 автобуси, а пред неколку недели следеше и нова нарачка од 25 автобуси за германските градови Келн и Вупертал.

Водородни автобуси на Solaris ќе возат во Келн и Вупертал

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Suzuki S-Cross е автомобил на годината во Унгарија

Suzuki S-Cross е автомобил на годината во Унгарија

Во Грац повторно се произведува Mercedes G-Class

Во Грац се врати производството на Mercedes G-Class