за

Автобуси без возач на двокилометарска делница во Баварија

Автобуси без возач на двокилометарска делница во Баварија
Автобуси без возач на двокилометарска делница во Баварија

Роботски минибуси на Германската Железница ја поврзуваат станицата во Бад Бирнбах со источното јадро на ова баварско гратче, на оддалеченост од околу два километри. Германскиот министер за сообраќај Андреас Шоер вчера го придружуваше првото возење на автономните минибуси, заедно со менаџментот на компанијата.

Станува збор за пилот проект, кој е прв од ваков вид во Германија. Двата електрични минибуси со технологија за автономно возење се од типот Easymile EZ10 Gen 2 и секој ден ќе возат на делницата, во времето меѓу 8 и 18 часот. Се користи нова технологија. Камери поставени покрај делницата препознаваат кога наидуваат минибусите, по што дигиталните сообраќајни знаци ја ограничуваат брзината на сите учесници на сообраќајот на 30 километри на час. По минувањето на безвозачките минибуси, се воспоставува вообичаената брзина на сообраќајот.

На овој начин се постигнува подобра безбедност при минувањето на минибусите, без притоа да се ограничува одвивањето на сообраќајот покрај делницата. Во возилото секогаш е присутно службено лице, коешто го надгледува возењето и може да интервенира по потреба. Минибусите возат со 15 километри на час.

Проектот стартуваше уште во 2017 година и оттогаш постојано се продолжува рутата; Досега се превезени повеќе од 40.000 патници и минати се преку 20.000 километри

Во кабината има место за шестмина патници, овозможен е пристап со инвалидска количка, а патниците можат да ги користат USB-приклучоците и безжичната мрежа. Во случај на исклучителни временски услови, како магла, снег и сл, роботските минибуси се заменуваат со обични резервни возила.

Посебно одделение на Германската Железница работи на развој на автономното возење по улици и патишта кои се дел од јавниот превоз.

New item by Automedia MK / Google Photos

Појаснувања за ознаките на сликата: 1 – Камери забележуваат кога наидува возилото и управуваат со дигиталните променливи знаци за ограничување на брзината на сообраќајот; 2 – Дигитални променливи знаци ја намалуваат брзината на сообраќајот за сите учесници; 3 – Минибусите ја следат програмираната рута со помош на ГПС и ласер за локализација; 4 – Ласери препознаваат пречка на патот, за возилото да реагира соодветно; 5 – Повеќекратен систем за сопирање, за максимална безбедност

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

од кого препишуваат автомобилските портали

А, од кого препишуваат англиските, германските, српските авто-портали?

Ford Puma влегува со производство, можен нов бестселер на марката

Ford Puma влегува во производство, можен нов бестселер на марката