за

На производителите им снемува електронски компоненти

Авто производителите недостиг електронски компоненти

Големата побарувачка на електронски компоненти во ерата на дигиталниот бум им донесе проблеми на авто-производителите. Снемува полупроводници, кондензатори и отпорници

Во автомобилската бранша се одвива дигитална револуција, но производителите повеќе не се радуваат за тоа. Полупроводниците и останатите електронски компоненти годинава недостигаат како никогаш досега. Проблемот е особено изразен во последниве месеци, откако почнаа да недостигаат најосновни делови, како кондензатори и отпорници. Тоа посебно ги погодува производителите на автомобили.

Роковите на испорака се оддолжуваат, цените растат. Моментно постои мало смирување околу проблемот, но тоа се должи првенствено на смаленото производство на автомобили. Тоа што посебно ги зачудува експертите е недостигот од пасивни компоненти, како што се повеќеслојни керамички кондензатори.

Во еден престижен автомобил се користат до 10.000 полупроводници

Постојат две главни причини за создавањето на ова тесно грло: Долгогодишниот раст на пазарот и фактот што денес сé повеќе функции се регулираат електронски. Во автомобилите, на пример, електронски кола за регулација се потребни и за патниот компјутер и за контролната единица за моторот, исто како и за системите за асистенција и за грејачите во седиштата. Во луксузните модели денес постојат повеќе од 100 контролни модули коишто се поврзани во мрежа.

Производителите на автомобили уште немаат застои, но само благодарение на тоа што менаџерите навреме ги препознале трендовите и склучиле договори за испорака со добавувачите.

Голем раст и во побарувачката на сензори

Моментно постои голем раст во побарувачката на сензори, кои почнуваат да се користат во најразлични подрачја. Во автомобилите се вградуваат оптички сензори, медицината бара сензори за мерење на телесните функции, додека индустријата има потреба од сензори за контрола на машините.

Електрониката допрва ќе го освојува светот. Во индустријата најмногу се зборува за автоматизација и роботика, коишто се неизводливи без електронско мерење и контрола.

Во секојдневието постојано се „електрифицира“ нешто ново, почнувајќи од електрични велосипеди, прку мобилна наплата до бела техника што регулира самостојно. Според аналитичарите, глобалниот промет во подрачјето на микроелектрониката ќе порасне од 90 милијарди долари во 2017 година, на половина билион долари до 2022 година.

Кои фирми испорачуваат делови за електричниот Audi e-tron

Овие десет добавувачи се вистинските производители на автомобили

Тука се чуваат 66.000 резервни делови за стари модели на Mercedes

Можете да ги препознаете овие делови?

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus test 1.5 ecoboost st-line

Добриот стар Ford Focus, ама нов

Тест на зимски гуми АДАК 176-65-14

Тест на зимски гуми на клубот АДАК: Димензија 175/65 R14 T