за

Светскиот автопазар во опаѓање, единствено САД имаат раст

Светскиот автопазар во опаѓање, единствено САД имаат раст

Бројките од продажбата на автомобили на светскиот пазар забележија пад и во февруари. Како последица од пандемијата на корона и преземените мерки, има голем пад во автомобилската продажба во Кина. Европскиот пазар (ЕУ28 + ЕФТА) е под резултатите од лани, исто како и Јапонија и Индија.

Единствено во Кина, намалувањето на продажбата во февруари се должи на пандемијата на корона. Во следните месеци се очекува значителен пад во продажбата на патнички и доставни возила и на останатите пазари ширум светот.

Во Европа во февруари се продадени 1,1 милион нови патнички автомобили, седум проценти помалку од лани. Од петте најголеми пазари во Европа, најголем пад има во Германија (-11%), а потоа следи Италија со минус од девет проценти. Во Шпанија, продажбата се намалила за шест проценти, Франција и Велика Британија имаат пад од по три проценти. Во првите два месеци од годинава во Европа се продадени 2,2 милиони патнички автомобили или за 7% помалку отколку во истиот период лани.

Продажбата на патнички автомобили во САД опаѓа, но затоа многу повеќе расте продажбата на пикапи

Пазарот на автомобили во февруари бележи раст единствено во САД, кадешто продажбата пораснала за осум проценти, на 1,4 милиони патнички автомобили и пикапи. Постои разлика во продажниот тренд меѓу овие две категории возила. Додека патничките автомобили имат пад од пет проценти, пикапите и СУВ-моделите постигнале раст од 14 проценти. Вкупната продажба во првите два месеци пораснала за четири проценти, со 2,5 милиони возила.

Кинескиот пазар во февруари беше силно погоден од кризата околу корона. Продажбата на патнички автомобили е сведена на само 224.000 примероци, што претставува пад од 82 проценти во споредба со истиот месец лани. Во јануари и февруари, продадени се 44 проценти помалку нови возила (1,8 милион).

Индија регистрирала 251.500 нови патнички автомобили во минатиот месец. Тоа исто така е пад од осум проценти во споредба со февруари лани. Во првите два месеци, во земјата се продадени 514.200 патнички автомобили (-7%).

Јапонскиот пазар се скусува откако лани беше зголемен данокот на додадена вредност

Пазарот се смалил и во Јапонија, кадешто во февруари имало 362.100 нови автомобили или за десет проценти помалку од лани. Продажбата во земјата е во постојан пад, откако во октомври 2019 година беше зголемен данокот на додадена вредност. Досега се продадени 663.200 патнички автомобили, единаесет проценти помалку од првите два месеци лани.

Бразил се држи релативно добро, со намалување од два проценти и вкупно продадени 193.300 возила во минатиот месец. Вкупно во првите два месеци од годината се продадени 378.000 возила или за еден процент помалку од истиот период лани.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche изработува школкесто седиште по мера со 3D-печатење

Porsche изработува школкесто седиште по мера со 3D-печатење

Toyota RAV4 плагин хибриден погон

Топ 10 Најпродавани марки во Европа во февруари