за

Австрија забрани гласни мотоцикли во Тирол

Австрија забрани гласни мотоцикли во Тирол
Австрија забрани гласни мотоцикли во Тирол

Кој вози премногу гласно, не смее да вози на планина. Од 10-ти јуни, на омилените излетнички рути во австриски Тирол се забранети мотоцикли што во место ослободуваат бучава над 95 децибели. Забраната важи и за туристи.

Австрија сериозно го реализира планот за намалување на бучавата од сообраќајот. Тирол забранува сообраќај по планинските патишта со мотоцикли што според податоците во сообраќајната книшка произведуваат бучава над 95 децибели. Новата одредба стапува во сила на 10-ти јуни и важи и за туристите. За прекршување на забраната ќе се изрекува парична казна во висина од 220 евра.

Советничката за сообраќај за регионот на Тирол, Ингрид Фелипе, посочува дека „оваа забрана за сообраќај поради бучава, што првпат се воведува во Австрија, треба да придонесе за значително растоварување на луѓето и на природата“. Сообраќајот за гласните мотоцикли по омилените планински рути ќе биде забранет до октомври.

Како основа за воведувањето на мерката се зема студијата за бучава од минатата година. Таа дојде до заклучок дека повеќето испитаници се жалат од сообраќајот со мотоцикли во викендите, особено при силно забрзување. Повеќето жители се согласиле со воведувањето на мерката за забрана за гласните мотоцикли и за затворање на одредени делници, додека пак целосната забрана за сообраќај во викендите не наиде на одобрување од главнината од жителите во регионот.

Забраната опфаќа околу седум проценти од мотоциклите што се регистрирани во Австрија. Нивната бучава во непосредна близина надминува 95 децибели. Станува збор за бучава во мирување, односно за звукот од работата на моторот додека мотоциклот стои во место. Тоа се околу 4.400 мотоцикли. Останатите 61.000 мотоцикли во земјата произведуваат пониска бучава во место.

Германија бара ограничување на бучавата од мотоциклите

Германија бара ограничување на бучавата од мотоциклите

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault ќе ја продлабочува соработката со Daimler

Поради корона Седум камп-возила продадени за еден ден

Поради корона: Седум камп-возила продадени за еден ден