за

Австралија има систем против користење мобилен во возење

Австралија има систем против користење мобилен во возење
Австралија има систем против користење мобилен во возење

Австралиските возачи ќе мора добро да размислат пред да го користат телефонот додека возат. По шестмечна проба, камерите снимија повеќе од 100.000 возачи зафатени со телефонот. Техниката сега и дополнително се усоврши.

Службите за надгледување на сообраќајот во австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс, имаат на располагање нова технологија за борба, против возачите кои го користат мобилниот телефон додека се зад волан. Системот користи камери, чиишто снимки се анализираат со помош на посебен софтвер, односно вештачка интелигенција. Сообраќајните власти ценат дека со строгата контрола ќе ги спречат тешките незгоди со кобен исход.

Системот се состои од две камери. Едната камера ја снима регистерската таблица, а втората камера е поставена високо, на пример на семафор, и ги снима рацете на возачот. Вештачка интелигенција ги анализира сликите и препознава кога возачот држи телефон. Во тој случај, системот вклучува аларм, за службено лице да го потврди случајот.

Досега се снимени повеќе од 100.000 возачи како користат телефон во возење

По шест месеци од почетокот на пилот-проектот, камерите снимиле повеќе од 8,5 милиони возила и откриле повеќе од 100.000 возачи што користат телефон додека возат. На прекршителите им се заканува парична казна во висина од 212 евра, заедно со казнени бодови во националниот регистар за сообраќајни прекршоци.

Проектот се проширува и до декември системот ќе вклучува вкупно 45 вакви системи. Дел од нив се фиксно поставени, други се мобилни. До 2023 година, властите планираат да спроведат 135 милиони проверки. Моментно во Нов Јужен Велс се регистрирани околу 5,2 милиони возила.

Австралиска убавица ја спасува планетата според филмот на Nissan

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla model s полиција фремонт калифорнија

Полициска Tesla ја прекина потерата: Батеријата се потроши

jaguar f-type yellow

Жолта боја за специјалната серија од Jaguar F-Type