178
35 shares, 178 points

Близу 12.000 читатели и читателки на германскиот „ауто мотор унд шпорт“ гласаа за најубав автомобил. За најгрд автомобил, исто така. Во конкуренција беа 90 најразлични модели

Точно 11.990 читатели и читателки на германскиот специјализиран магазин за автомобили „ауто мотор унд шпорт“ ги избираа најубавите (и најгрдите) автомобили на годината. За наградата за дизајн „Аутонис“ се натпреваруваа 90 возила од најразлични категории. Читателите имаа четири гласови – два за нивните фаворити и два за автомобилите што не им се допаѓаат. За дизајнерска марка на годината е избран Mercedes, кој воедно победи и во категоријата компактни автомобили, со Mercedes A-Class, како и во категоријата големи СУВ, со Mercedes G-Class.

Меѓу најмалечките автомобили се издвои Volkswagen Up GTI. Една класа погоре, меѓу градските автомобили, најубав според германските читатели е Mini, додека ван со најмногу гласови е моделската изведба Active/Gran Tourer од серијата 2 на BMW.


Mini во својата (нова и стара) историја нема доживеано ниту една лоша критика за дизајнот

Победата во средната класа му припадна на Volvo V60. Од спортските автомобили, најубав се покажа Porsche 911 GT3 RS. Меѓу кабриолетите, Aston Martin DB11 Volante е без конкуренција. Во Британија замина и наградата за најубав компактен СУВ, којашто му припадна на Jaguar E-Pace. Најдобар дизајн во кабината има Audi.

Има и шампиони во неубавина: Toyota Aygo и Citroen Berlingo се во минус

Гласањето беше придружено со низа општи прашања околу автомобилскиот дизајн. На прашањето, во која автомобилска класа се постигнати најмногу промени во дизајнот, дури 49,6 проценти од читателите на магазинот одговориле дека тоа се компактните теренци и СУВ-моделите. По нив следат градските автомобили и компактите.

На прашањето „кои марки напредувале најмногу во дизајнот во последните пет години?“, најмногу читатели (31,7%) гласале за Mercedes. Втор е Volvo, на местото на ланскиот вицешампион Alfa Romeo, а веднаш потоа е Kia.

Аутонис 2018: Дизајнерска марка на годината


1. Mercedes (13,1%)
2. Alfa Romeo (12,1%)
3. Volvo (9,4%)
4. Audi (9,0%)
5. BMW (8,8%)
8. Aston Martin (8,0%)
6. Jaguar (6,4%)
7. Porsche (4,4%)
9. Kia (3,0%)
10. Volkswagen (2,3%)

Аутонис 2018: Најдобар дизајн на внатрешност


1. Audi (21,2%)
2. Mercedes (19,8%)
3. BMW (14,9%)
4. Volvo (8,0%)
5. Porsche (5,8%)
6. Volkswagen (4,2%)
7. Bentley (3,3%)
8. Alfa Romeo (2,4%)
9. Rolls-Royce (2,3%)
10. Aston Martin (1,9%)

Најубави мини-автомобили


1. VW Up GTI (46,9%)
2. Ford Ka+ Active (-1,1%)
3. Seat Mii (-12,8%)
4. Toyota Aygo (-27,2%)

Најубави градски автомобили


1. Mini (30,3%)
2. VW Polo (27,6%)
3. Hyundai i20 (11,7%)
4. Skoda Fabia (5,3%)
5. BMW i3 (-10,2%)

Најубави компакти


1. Mercedes A-Class (41,1%)
2. Ford Focus (25,7%)
3. Hyundai i30 Fastback (10,0%)
4. Kia Ceed (7,9%)
5. Subaru Impreza (-6,1%)

Најубави модели во средна класа


1. Volvo V60 (40,1%)
2. Mercedes C-Class (28,1%)
3. Mazda 6 (0,2%)
4. Peugeot 508 (-3,5%)
5. Kia Optima (-28,8%)

Најубави модели во виша класа


1. Maserati Ghibli (21,1%)
2. Audi A6 (12,3%)
3. Audi A7 Sportback (10,5%)
4. Porsche Panamera Sport Turismo (9,9%)
5. Mercedes-AMG GT, со 4 врати (9,0%)

Најубави спортски автомобили


1. Porsche 911 GT3 RS (23,2%)
2. Aston Martin Vantage (22,5%)
3. Ford Mustang (14,8%)
4. Porsche 718 Cayman GTS (10,1%)
5. McLaren Senna (-3,7%)

Најубави кабриолети


1. Aston Martin DB11 Volante (32,1%)
2. Ferrari Portofino (27,0%)
3. Porsche 718 Boxster GTS (12,2%)
4. Mercedes S Cabrio (11,8%)
5. Ford Mustang Cabrio (11,6%)

Најубави компактни СУВ


1. Jaguar E-Pace (24,0%)
2. BMW X2 (19,7%)
3. Volvo XC40 (16,9%)
4. VW T-Roc (16,0%)
5. Mazda CX-3 (8,7%)

Најубави големи СУВ


1. Mercedes G-Сlass (17,0%)
2. VW Touareg (12,1%)
3. Range Rover Sport (10,4%)
4. Jaguar I-Pace (10,1%)
5. BMW X3 (9,7%)

Најубави ванови


1. BMW серија 2 Active/Gran Tourer (34,5%)
2. VW Golf Sportsvan (25,6%)
3. Peugeot Rifter (-10,2%)
4. Opel Combo (-27,3%)
5. Citroën Berlingo (-32,2%)

Врска до прогласувањето на победниците на Аутонис 2018

https://www.auto-motor-und-sport.de/news/autonis-2018-sieger-aller-klassen/


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

178
35 shares, 178 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743