за

Autocar ги повикува читателите да гласаат за автомобил на годината

autocar автомобил на годината

Британскиот магазин Autocar повторно им ја дава честа на своите читатели да го изберат шампионот во изборот за автомобил на годината. Годинава читателите гласаат за најдобриот спортски компакт на сите времиња.

Британскиот магазин Autocar ги повикува читателите да гласаат за својот најомилен спортски компакт на сите времиња. Читателите годинава ќе гласаат за 31 „херојски спортски компакт“, преку врската https://www.autocar.co.uk/car-news/features/autocar-awards-readers-champion .

На списокот се наоѓаат неколку култни модели од годините кога се појавија првите семејни комбилимузини со навиени мотори, но не отсуствуваат и актуелните големци во овој сегмент. Гласањето трае до утре (четврток) напладне.

Шампионот на читателите“ е титулата што привлекува најголем интерес во изборот на Autocar. Лани читателите на магазинот го избраа Volkswagen Golf GTI за највлијателен автомобил во историјата.

За магазинот Autocar, гласовите на публиката се најважни во изборот за автомобил на годината

Марк Тишоу, уредник на магазинот: Autocar Awards ги поврзува и прославува највлијателните личности и автомобили во браншата, при што пресудното влијание го имаат гласовите од читателите.“

Титулата на шампион на читателите е само една од многуте награди што се доделуваат во ценетиот избор за автомобил на годината на Autocar. Меѓу позначајните награди се Трофеј Исигонис, којашто се доделува на личноста што придонела најмногу за развојот и конкурентноста на европската автомобилска индустрија, како и Награда Стурми, именувана според основачот на магазинот и доделувана за најголемите иновации и достигнувања во автомобилската индустрија.

Победниците во изборот на Autocar, заедно со „шампионот на читателите“ ќе бидат објавени на свеченоста што се одржува во прочуениот „Wing Complex“ во Силверстоун, на 15-ти мај.

Магазинот Autocar има вкупно 13 изданија низ светот, а неговата интернет страница има 3,3 милиони посети и 12,9 милиони прегледи месечно. Каналот на YouTube е највлијателен во автомобилската бранша, со преку 250 милиони прегледи и над 600.000 претплатници.

Porsche 911 R е „највозачки“ автомобил според британскиот Autocar

Ова се најубавите „ автомобилчиња “ на годината

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda januari prodazba

Кина останува најголем пазар за Skoda

dyson електрични автомобили

Производител на правосмукалки ветува три електрични автомобили