за

Autobianchi и Datsun со модели од 5.000 евра

Успехот на Renault со издигнувањето на Dacia наведе повеќе производители да размислуваат и тие да воведат своја евтина марка. Fiat и Nissan се блиску да направат сличен чекор. Италијанците размислуваат повторно да ја заживеат марката Autobianchi, која згасна во 1995 година, по четиридецениско постоење. Во Полска и во Русија ќе се произведува компактна лимузина со техника од стариот Fiat Punto, наменета првенствено за пазарите во Источна Европа. Цената на моделот би изнесувала околу 5.000 евра, без давачки. Ако шефовите се согласат, првите возила може да излезат од фабриките веќе кон крајот на 2014 година.

Nissan исто така планира да врати во живот стара марка. Во март 2014 година ќе стартува продажбата на новите модели на Datsun, кои што ќе се произведуваат во Русија. За почеток понудата ќе опфаќа два модела, лимузина и комбилузина врз база на стариот Nissan Note. Годишната продукција е планирана на 100.000 примероци.

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW X4: Малиот брат на X6

казни за телефонирање при возење

Секоја студија не е за верување