за

Auto Bild со детали за малечкиот теренец на Шпанците: Seat Arona пристига во 2018

Концернот Volkswagen подготвува офанзива од теренски модели од сите марки. Магазинот Auto Bild прв ги открива деталите за малечкиот брат на Ateca, со платформа од Audi Q2 и со име Arona.

Шпанската марка на концернот Volkswagen веќе го подготвува следниот теренски модел во понудата, по компактниот теренец Ateca. Според германскиот магазин Auto Bild, во летото 2018 на пазарот ќе пристигне Seat Arona. Името на малечкиот спортски теренец со должина од 4,20 метри е веќе регистрирано, иако не е исклучено дека тоа може да се однесува и на друг иден модел на марката од Барселона. Конкурентот на Renault Captur, Peugeot 2008, Opel Mokka и на идниот спортски теренец на база на Polo, ќе биде поевтина алтернатива на Audi Q2, од кого што потекнува платформата.

Arona ќе се нуди исклучиво во изведба со преден погон, што е вообичаено во сегментот на моделот, со оглед на слабиот интерес на купувачите за верзиите со погон на сите тркала. Auto Bild цени дека малечкиот теренец на Seat ќе чини исто колку Renault Captur, односно околу 16.000 евра за основниот модел. Дизајнот на малечкиот брат на Ateca ќе се ориентира според идната генерација на Seat Ibiza, којашто пристига на пазарот веќе в година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Нова генерација на Kia Rio пристига на салонот во Париз

Сингапур го доби првиот такси превоз со роботизирани автомобили