за

Auto Bild се откажува од дизелите во новото издание

Германскиот магазин во денешното издание објавува за бензинци, хибриди, електрични возила и автомобили со погон на гас. Возила со дизел мотор целосно отсуствуваат од содржините. Пораката што ја испраќа Auto Bild воопшто не е наивна.

Учеството на возила со дизел мотор по европските патишта изнесува над 50 проценти. Откако светот „дозна“ дека производителите на автомобили масовно мамеле околу реалната емисија на штетните азотни оксиди и други материи што ја загрозуваат животната средина, магазинот Auto Bild во денешното издение си го поставува прашањето: Дали светот може да фунционира без дизел моторот? Како во тој случај би изгледал тој свет? Во изданието со број 26 за ова година, редакцијата на најголемиот магазин за автомобили во Европа направи експеримент и во содржините на ниту едно место не може да се најде возило со дизел мотор, ниту се спомнува дизелот.

„Неделава укажуваме на разновидноста што постои надвор од светот на дизелот,“ коментира главниот уредник Бернд Виланд. „Бензинци, хибриди, плагин-хибриди, електрични возила и автомобили со погон на гас се наоѓаат во фокусот на актуелното издание.“

auto bild bez dizeli

Темите во овој број:

  • Петмина алсолвенти на техничкиот универзитет во Реклингхаузен докажаа дека електричниот автомобил не мора да биде скап. Тие имаа задача да го изработат најевтиниот електричен автомобил во светот. За таа цел, студентите го модифицираа најевтиниот автомобил во светот Tata Tano со трошоци од вкупно 2.000 евра. Со евтини компоненти за електричниот погон нарачани од Кина, тие самостојно изработија електричен автомобил за 7.000 евра. Доколку овој автомобил се произведува во голема серија, цената би се спуштила на 5.000 евра. Со дополнителни 2.000 евра, малечкиот автомобил може да се доведе на ниво што ќе ги задоволи важечките стандарди на ЕУ за хомологација.
  • Уште еден електричен автомобил, Renault Zoe, докажува дека електричниот погон е убедлив и на супертестот. Редакцијата на Auto Bild две години го возеше франускиот електромобил. Најсилни страни се градскиот сообраќај и кусите возења. Забрзувањето до 50 km/h трае четири секунди, а батериите и по две години овозможуваат досег до 175 километри.
  • Редакцијата ја посети такси-компанијата на Петер Кел во Минхен, чијшто возен парк од такси возила целосно се состои од хибриди. Во моментов, Хер Кел располага со 50 примероци Toyota Prius. Според пресметката на магазинот, сопственикот на такси компанијата секоја година заштедува 67.000 евра. Петер Кол пред две години стартуваше со Tesla Model S. По позитивните искуства, тој нарача уште примерока од Tesla Model 3.

Нелегалните имитации на угледниот германски магазин што се редат по македонските новински штандови веројатно ќе бидат разочарани од содржините на новиот Auto Bild. Не им останува ништо за препишување.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новиот Volkswagen Crafter дизајниран од корисниците

Bugatti ќе изработува специјална колекција со Џорџо Армани