146
19 shares, 146 points

Само неколку месеци откако Брам Шот беше избран на шефовското место, Audi веќе бара нов човек. Се шпекулира околу името на Маркус Дусман, кој може ја стапи во новата служба и многу порано отколку што се очекуваше.

Брам Шот кусо време ќе се задржи на врвната раководна позиција во Audi. Како што пишува „Франкфуртер Алгемајне Цајтунг“, повикувајќи се на упатени извори, шефовското место во премиум марката на Volkswagen може уште во 2020 година да го презеде Маркус Дусман, поранашен менаџер во BMW.

Актуелната смена во врвот на марката се случи во почетокот на годината, кога Брам Шот дојде како наследник на Руперт Штадлер. Поранешниот шеф во тоа време се наоѓаше во притвор, поради неговата наводна вмешаност во скандалот со издувните гасови во Volkswagen.

Уште лани во јули било донесено решение Дусман да добие менаџерско место во концернот

Дусман е фаворит на шефот на концернот Херберт Дис. По заминувањето од BMW во јули 2018 година, тој мора да чека истекување на постоечкиот договор до октомври 2020 година кај баварскиот конкурент на Audi, пред да го смени работодавецот.

Според „Алгемајне“, Audi и BMW наводно се спогодиле да го скусат договорниот рок. Засега нема официјална потврда од компанијата. Уште лани во јули било донесено решение на Дусман да му се понуди место во менаџерскиот врв во концернот. По спогодбата со BMW, повеќе не мора да се чека истекување на работниот договор со Дусман.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

146
19 shares, 146 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *