за

Штрајкот во Унгарија го запре и производството на Audi во Инголштат

audi унгарија штрајк мотори

Штрајкот во унгарската фабрика на Audi носи последици и врз работата на фабриките во Германија. Поради прекинот во испораката на мотори од Ѓер, не може да се произведуваат ниту автомобили во Инголштат.

Во матичната фабрика на Audi во Инголштат од денес мируваат лентите. Поради штрајк во фабриката за мотори во Ѓер, Унгарија, повеќе од 10.000 работници во германската фабрика ќе заминат на принуден одмор до среда. Запрена е продукцијата на повеќе десетини илјади автомобили од моделските серии A3, A4, A5 и Q2. Производителот ќе им исплати 40% од дневницата на своите вработени.

Во Ѓер се прозиведуваат бензински, дизел и електромотори, за Audi, но и за останатите марки во концернот Volkswagen. Околу 12.000 унгарски работници бараат зголемување на платата за 18% и стапија во еднонеделен штрајк. Нивната просечна бруто плата изнесува 1.100 евра, додека животните трошоци се исти како во Западна Европа.

Производството во Некарсулм и Брисел, како и во фабриките на VW, продолжува непречено

Штрајкот влијае единствено врз матичната фабрика на Audi во Инголштат, во Баварија. Производството во Некарсулм, од кадешто излегуваат поголемите модели, вклучувајќи го знаменосецот A8, не трпи последици од унгарскиот штрајк. Снабдувањето со мотори е обезбедено до средината на неделава. Производството продолжува непречено и во Брисел, во погоните за електричниот Audi e-tron, исто како и во фабриките на Volkswagen.

Skoda Kodiaq L&K по цена од 50.000 евра: Добар ден Audi!

Единствен преживеан од неговиот вид: V10 во Audi R8

Кои фирми испорачуваат делови за електричниот Audi e-tron

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Renault Clio V внатрешност

Новиот Renault Clio почнува од внатрешноста

мото-рели олдтајмери истра

Мото-рели со олдтајмери се вози на Истра во јуни