за

Луто Audi што се фаќа во костец и со Porsche

audi tt rs coupe osvezuvanje

Врвната изведба во гамата на TT доби нов изглед. Под хаубата ништо не е сменето, затоа што таму е суштината на Audi TT RS: Петцилиндарец со 400 КС и спринт до темпо сто за 3,7 секунди. Тоа е подобро и од Porsche Cayman GTS.

Топ-изведбите во гамата на TT ќе бидат свежо дотерани кога ќе пристигнат во салоните на марката напролет. Компактниот екстремист Audi TT RS и неговата варијанта без покрив Audi TT RS Roadster, добија неколку промени во изгледот, коишто се воочуваат, но не менуваат многу во карактеристичната појава на TT.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Највпечатливата промена е во маската со црна сјајна боја, со мат црна рамка околу неа. Пораснаа и отворите за воздух, зад кои се наоѓаат два дополнителни ладилници за вода. Назад е комплетно сменет изгледот на браникот, со вертикални и дополнително нагласени отвори за воздух. Суштинската измена е во OLED-техниката за задните светла, достапна како опција. Секако, круната е во посебниот спојлер.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Техниката не се менуваше. Петцилиндарецот со турбонатполнење и работна зафатнина од 2,5 литри и натаму ослободува 400 КС и вртежен момент од 480 њутнметри, почнувајќи од 1.950 вртежи. Спортскиот автомобил со погон на четири тркала и со две седишта спринтува до темпо сто за 3,7 секунди. По барање, ограничувањето на крајната брзина може да се помести од 250 на 280 километри на час.

1-2-4-5-3 : Тоа е тактот на музиката на петцилиндарецот

Со концепт кој спојува ниска тежина, подвозје строго е посветено на врвни возни својства и вреден петцилиндарец со турбо-асистенција, Audi TT RS е воедно способен и да спринтува побрзо од Porsche 718 Cayman GTS до темпо 100. Времето е 3,7 секунди за TT RS, наспроти 4,6 секунди за Cayman. Од Инголштат не пропуштаат да додадат: „Со 2.5 TFSI деветпати по ред ја освојуваме ценетата награда за светски мотор на годината.“

Прогресивното управување со спортски нагласок се вградува како стандард. Со доплата се достапни бандажи од 20 инчи, место фабричките од 19 инчи, а може да се избере опција и сопирачките клешти да бидат лакирани црвено, место во црна боја. Специјалитет во подвозјето е уште понагласената спортска варијанта, со приспособливи амортизери, со познатата технологија „Magnetic Ride“.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Тоа што во Audi TT и натаму не се вградува дисплеј во средишната конзола, за пристап до навигацијата, радиото и до одделни функции на возилото, најмалку е проблем за фановите. Опција е озвучување Bang & Olufsen со моќност од 680 вати.

Испораките на Audi TT RS стартуваат напролет. Цената за купето на германскиот пазар изнесува 67.700 евра, за отворената варијанта се потребни 70.500 евра.

Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра

Skoda Kodiaq L&K по цена од 50.000 евра: Добар ден Audi!

Единствен преживеан од неговиот вид: V10 во Audi R8

Петтиот Audi City во светот е отворен во Варшава

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Audi e-tron

Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра

Mazda CX-4 е новиот јапонски СУВ со техника од „тројката“