133
25 shares, 133 points

Audi ќе претстави четири модели со новиот плагин-хибриден погон во Женева. Малку бројки се познати околу погонот, но затоа не се пропушта најважното: Батерии со џебни ќелии, реален досег над 40 километри и два часа полнење. Дополнително, секој хибриден модел ќе се нуди во две варијанти, комфорна и спортска

Најчесто спомнуваниот збор во деновиве пред отворањето на салонот во Женева е хибрид. Обично, во комбинација како плагин-хибрид или благ хибрид. Нема отстапка кај Audi. Марката со прстените ќе претстави хибридни изведби од моделите A8, A7 Sportback, A6 и Q5. Сите овие модели минуваат повеќе од 40 километри со полна батерија, според новата норма WLTP.

Не само еден хибриден модел, туку по два во секоја моделска серија. Едната моделска изведба комфорна, другата спортска

Во секоја од четирите моделски серии ќе може да се избира меѓу комфорна изведба и спортска изведба, со соодветен пакет S line, со поцврсто подвозје и погон со поголема поддршка на електромоторот при забрзување. Сите овие модели ќе ја носат ознаката TFSI e. За разлика од досега, ознаката e-tron понатаму ќе се користи само кај моделите со чисто електричен погон.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Досегот според реалната норма WLTP надминува 40 километри. Според Audi, погонскиот концепт е изведен за една третина од вообичаената дневна рута да се совлада чисто на струја. При изведувањето на системот за повраток на енергијата при сопирање се користени искуствата од Audi e-tron. При сопирање, плагин-хибридите на Audi постигнуваат поврат на моќност до 80 киловати.

Топлинска пумпа се грижи за ефикасна климатизација на кабината, без премногу црпење енергија од батеријата

Во лимузините со две срца се користат најсовремени батерии со таканаречени џебни ќелии, кои се состојат од осум модули. Капацитетот изнесува 14,1 kWh. Кај Q5 исто така се користи литиум-јон батерија, но со призматични ќелии, со истиот капацитет. Посебна топлинска пумпа се грижи за ефикасна климатизација на кабината и со топлината од 1 kW електрична енергија произведува до 3 kW грејна моќ.

Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра

A8 L TFSIe користи осумстепен автоматик, кој понатаму испорачува моќ до постојаниот погон на сите тркала quattro. Во A7 и A6 со плагин-хибриден погон, разликата во споредба со знаменосецот е во тоа што електромоторот е вграден во седумстепениот менувач со двојна спојка. Двата модела се достапни во два различни степени на моќност. Истата погонска конфигурација работи и во Q5 PHEV. Полнењето на батеријата при користење на ѕидниот полнач од 7,2 kW трае два часа.

Природна струја од „електродистрибуција Volkswagen“

Возачите на новата генерација хибридни модели на Audi ќе можат да ја користат сопствената мрежа од полначи што производителот ја обезбеди за e-tron во засега 16 европски држави. Покрај тоа, за домашниот полнач може да се избере снабдување со еко-струја „Volkswagen Naturstrom“, којашто 100% потекнува од обновливи извори.

Audi e-tron се искачува на Кицбил: Повторување на легендарниот потфат, сега под висок напон

Во стилот на легендарното искачување на Audi 100 quattro на скијачката скокалница Питкавури, следи повторување на историјата со електричен Audi e-tron, по „глувчешката стапица“, најстрмниот дел на Кицбил

Posted by Automedia.mk on Tuesday, February 19, 2019


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

133
25 shares, 133 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format