106
15 shares, 106 points

Поглавјето трае до 1-ви јануари 1965 година, кога Volkswagen ја откупува главнината од акциите на Daimler-Benz во Auto Union. Но, за овој кус период се случуваат историски важни настани за двете компании. Во 1961 година, во Диселдорф започнува со производство новата фабрика на Mercedes-Benz, на локацијата којашто претходно му припаѓа на Auto Union. Денес, на истата локација се произведува Mercedes Sprinter. Покрај тоа, моделите на Audi од 1960-те години носат силно влијание од Mercedes-Benz. Оваа техника во исто време почнува да работи и во Volkswagen.

Пред војната, Mercedes и Auto Union се жестоки конкуренти, што најмногу се покажува на тркачките патеки

Спојувањето со Auto Union се случува по иницијатива на акционерот Фридрих Флик. Индустрискиот магнат тогаш поседува по 40 проценти од акциите во двете компании. Во периодот пред војната, автомобилите на Auto Union се силна конкуренција за Mercedes. Тоа важи особено на тркачките патеки, кадешто сребрените стрели од Штутгарт настапуваат против тркачките автомобили на Auto Union.

Во 1949 година, Auto Union стартува повторно, на новото седиште во Инголштат, место во Кемниц. Производството продолжува само со моделите на DKW со двотактен мотор. Првиот состанок на раководството на двете компании се одржува на 14-ти април 1958 година во Штутгарт-Унтертиркхајм, кадешто и денес се наоѓа седиштето на Daimler.

Audi pod Daimler 60god5

Во јули 1958 година се поставуваат темелите за комплетно новата фабрика на Auto Union во Инголштат, којашто започува со производство веќе следната година. Со тоа се ослободува фабриката на Auto Union во Диселдорф, за којашто Mercedes е особено заинтересиран. Таму се префрлува производството на транспортерот L 319 и на дизел моторот OM 636, како и монтажата на управувачки преносници и лостови за менувачки механизми. Оваа фабрика денес е најголем погон за транспортери на Daimler, со 6.600 вработени. Од минатиот месец, таму се произведува новиот Sprinter.

Лудвиг Краус е инженерот што техниката на Mercedes им ја подарува на Audi и Volkswagen

Во меѓувреме започнува модернизација на фабриката на Auto Union во Инголштат. Во периодот меѓу 1959 и 1964 година се инвестираат над 340 милиони марки, но компанијата напредува бавно. Концернот од Штутгарт на 8-ми октомври 1963 испраќа еден од своите најспособни инженери во Инголштат. Тоа е Лудвиг Краус, шеф на развојот на прототипи во Mercedes.

Краус со себе го „носи“ новиот четирицилиндарец со ознака M 118 и кодно име „Мексико“. Високата компресија (11,2:1) и интензивното вртложење коешто е предизвикано со спиралната форма на вшмукувачките канали обезбедуваат ниска потрошувачка на гориво. Покрај тоа, моторот работи мошне смирено.

Audi pod Daimler 60god3

Моторот од Mercedes се вградува првпат во Audi F 103, во 1965 година. Тоа е првото повоено возило на Auto Union со четиритактен мотор, а секако и прв модел на Audi по војната. Следните модели на Audi исто така го носат печатот на Mercedes, затоа што Лудвиг Краус останува во Инголштат, на местото технички директор, откако на 1-ви јануари 1965 година, пристига новиот сопственик, Volkswagen. Од следната година, Auto Union преоѓа во целосна сопственост на концернот.

Влијанието на Mercedes се пренесува и во првите генерации на Passat и Polo

Во времето додека уште работи во Штутгарт, Краус е задолжен за изработка на прототипите за планираните моделски серии W 122 и W 119 на Mercedes. Кога се има тоа во предвид, лесно се препознава сличноста во изгледот меѓу W 119 и првата генерација на Audi 100, којашто Краус ја развива за Auto Union. Под хаубата работи моторот од F 103, што е уште едно негово дело.

Во почетокот, инженерскиот гение на Mercedes работи тајно на Audi 100, којшто доживува премиера во 1968 година и донесува голем напредок за марката. Краус раководи и со развојот на Audi 80 од 1972 година и Audi 50 од 1974 година. Од првиот модел се изведува Volkswagen Passat, вториот модел станува Volkswagen Polo.

[tie_slideshow]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god4

Лудвиг Краус пред преоѓањето во Auto Union раководи со развојот на Mercedes W 119, од когошто треба да произлезе новиот модел од средната класа од Штутгарт

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god8

Сличноста меѓу Audi 100 и Mercedes W 119 е очигледна. Моторот исто така потекнува од инженерот на Mercedes

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god1

Како технички директор на Auto Union, Краус тајно го развива автомобилот што место под сребрената ѕвезда ќе се појави со четирите прстени во маската

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god5

Шефовите во Volkswagen го купуваат Audi со првична идеја да ги искористат фабриките како дополнителен капацитет за производство на веќе одамна застарената Буба

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god6

Во контурите на опашот на прототипот за Mercedes W 119 исто така се препознава првиот Audi 100

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god7

Делот од каросеријата околу задните столбови потсеќа неодоливо на Mercedes R107

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god3

Моторот на Mercedes работи со висока компресија и силно вртложење во вшмукувачката гранка, мошне е штедлив и работи смирено. Моторот ќе остане со децении во Volkswagen, тоа е легендарниот „827“

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi pod Daimler 60god2

На локацијата на Auto Union во Диселдорф се гради нова фабрика за Daimler. Денес на истата локација се произведува Mercedes Sprinter

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi 80

Audi 80 практично го спасува Volkswagen од пропаст. Од истата основа се изведува Passat, којшто во почетокот е достапен само како комбилимузина

[/tie_slide]

[tie_slide]

Volkswagen Passat I

Volkswagen Passat

[/tie_slide]

[tie_slide]

Audi 50

Audi 50 исто така служи како основа за првата генерација на Polo

[/tie_slide]

[tie_slide]

Volkswagen Polo I

Volkswagen Polo

[/tie_slide]

[tie_slide]

Volkswagen Polo I _ 1

Volkswagen Polo

[/tie_slide]

[/tie_slideshow]

Audi подготвува спортска лимузина со електричен погон

Audi 100 почна да вози пред половина век

Mercedes повторно ги натпродаде BMW и Audi

Audi продолжува со попусти до 10.000 евра на германскиот пазар

Колку „Prologue“ се крие во новиот Audi A8


Like it? Share with your friends!

106
15 shares, 106 points
djakonov

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730