за

Семафорите светат зелено за Audi во Диселдорф

Семафорите светат зелено за Audi во Диселдорф
Семафорите светат зелено за Audi во Диселдорф

Диселдорф е вториот град во Европа, по Инголштат, кадешто моделите на Audi комуницираат со семафорите. Од крајот на јануари, возачите на Audi ќе добиваат информации од околу 150 семафори. На тој начин, возачите ќе можат да го следат „зелениот бран“. Во почетокот на летото ќе следи и вмрежување на повеќето крстосници во градот, со што ќе се опфатат 450 од 600 семафори. Станува збор за услуга V2I, односно Vehicle-to-Infrastructure, заради намалување на потрошувачката, подобрување на комфорот, и секако, за безбедност.

Со добивањето информации од семафорите се постигнуваат две функции. Едната е „Green Light Optimized Speed Advisory” (GLOSA, препорачана брзина) и „Time-to-Green“. Првата ја пресметува точната брзина за да се „фати“ зелениот бран. Кога на возачот му се прикажува дозволената брзина, тој може да ја задржи брзината и не мора да забрзува или да биде во неизвесност дали ќе се вклучи црвено. GLOSA може и да му препорача на возачот да подзабави на 250 метри пред семафорот, за да мине точно кога ќе се вклучи зелено. На тој начин се избегнува непотребно запирање и повторно поаѓање.

Во случај кога чекањето на црвено е неизбежно, во кокпитот се појавува тајмер што ги одбројува секундите до вклучувањето зелено светло. Во одреден случај, возачот може само да подзабави, без потреба целосно да запира. Според Audi, на тестирањата се постигнала заштеда од 15 проценти во потрошувачката.

New item by Automedia MK / Google Photos

Податоците за работата на семафорите пристигаат од три извори: Од контролната единица на семафорите, од податоците во реално време од сообраќајниот компјутер – тоа е комбинација од камери, детекторски лајсни во асфалтот, податоци за движење на трамвај или автобус и копчиња за пешаци – како и од историските податоци.

Градовите исто така ќе добиваат корисни информации за семафорската мрежа. Податоците ќе покажуваат кога има прекумерно голем број запирања на одредена крстосница или кога просечното време на чекање е предолго. Семафорите ќе работат поефикасно, сообраќајот ќе се одвива течно.

Audi е прв производител во светот што своите сериски модели ги вмрежува со семафорите во градовите

Информациите за семафор преку V2I првпат беа достапни во Лас Вегас во 2016 година. Оваа услуга денес постои на повеќе од 10.000 крстосници во Северна Америка, од кои 2.000 се само на Мехнетен и 1.600 во Вашингтон.

Услугата на информацијата за семафор на Audi е достапна во сите изведби на e-tron, A4, A6, A7, A8, Q3, Q7 и Q8, произведени по јули 2019 година, кои се опремени со пакетот „Audi connect Navigation & Infotainment, како и со камера за знаци.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Seat Leon IV 2020

Golf осум, Leon четири

ford заштитна завртка бандажи

Ford им најде крај на кражбите на скапи бандажи