за

Седумстотини КС не се проблем за Audi S8

Седумстотини КС не се проблем за Audi S8
Седумстотини КС не се проблем за Audi S8

Луксузниот крстосувач Audi S8 беше претставен во почетокот на годинава. Осумцилиндарецот во V со битурбо натполнење, располага со 571 КС и со вртежен момент од 800 њутнметри. Специјалистите од Abt ценат дека тоа треба да се коригира. Нивниот одговор е тјунирање до 700 КС.

Тјунерската работилница, позната главно по своите преработки на модели од концернот Volkswagen, а во последно време и по учеството во првенството во Формула-Е, разви нов контролен модул за најбрзата лимузина од Инголшат. Место фабричките 571 КС, со нивниот зафат се извлекуваат до 700 КС од моторот V8 со два турбополначи.

Ефектот е скусување на времето за спринт до темпо сто за четири десетинки, од фабричките 3,8 на 3,4 секунди. Доколку Audi S8 поседува керамички сопирачки, тогаш ограничувањето на крајната брзина може да се помести на 270 километри на час.

Спојлерите одамна не се главен предмет на работа на тјунерските работилници, но секако дека уште ги имаат овие аеродинамички помагала во понудата. По желба, на задниот капак може да се постави спојлер од карбон. Задолжителен дел се бандажите со впечатлив дизајн и уште повпечатливи димензии, од 20 или 21 инчи. Опција е бандажите да се лакираат во мат црна боја или работ да се обработи на фреза со нож со дијамантски врв. Во внатрешноста може да се додаде капак за копчето за старт-стоп во сопствен дизајн на Abt, исто како и капа за рачката за бирање за автоматскиот менувач.

New item by Automedia MK / Google Photos

>>> Abt прави електрично тјунирање на VW Caddy

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд

Kia Sorento со најдобар дизајн на теренец во изборот на Ауто Билд

Возачките и возачите на Porsche најзадоволни

Еротска заедница со истражување: Возачките и возачите на Porsche најзадоволни