163
21 shares, 163 points

Кој не може да се насити со 520-те коњски сили на нормален Audi S8, од крајот на ноември ќе може да ја вози верзијата со над 600 КС. Но, за доплатата за S8 plus може да се купи добар A4.

Audi уште еднаш го поместува врвот на скалата на моќта во гамата на својот знаменосец и на крајот на ноември ќе стартува со продажба на новата верзија S8 plus. Додавката „плус“ се однесува на дополнителните 85 КС што новата верзија ги добива во споредба со стандардниот S8. Со нови турбополначи и коригирана електроника во моторот, четирилитарскиот V8 во S8 plus ќе ослободува 605 КС и вртежен момент од 700 њутнметри, а краткотрајно и 750 њутнметри. Тоа е врв во конкуренцијата. Секако дека сето тоа има и своја цена. Во споредба со S8 и неговите 520 КС, новата верзија S8 plus чини 30.000 евра повеќе, односно 145.200 евра.

audi s8 plusСо мала доплата паѓаат лимитите: Крајни 305 km/h

Дополнителните коњски сили се одледуваат во перформансите. Забрзувањето до сто трае 3,8 секунди, а со доплата за пакет за динамика паѓа лимитот на 250 km/h и S8 plus продолжува до 305 km/h. Потрошувачката според фабрика расте за 0,6 литри, на просечно 10,0 литри, а емисијата на СО2 изнесува 231 грам на километар.

Сопирачките се модифицирани соодветно на поголемата моќност, а и стандардната пневматска амортизација е потстегната. Дизајнот на луксузната лимузина со перформанси на суперспортски автомобил речиси не се разликува од стандардните модели. Има само незабележлив спојлер на задниот капак и можност за доплата за украсни делови на каросеријата во црна боја или во карбонски финиш.

Audi A8 plus е брз автомобил, но мора да се реагира брзо и при нарачката. Кон крајот на следната година стартува следната генерација на Audi A8, а таа во почетокот ќе ги има само „обичните“ мотори.

audi s8 plus


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

163
21 shares, 163 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3730