119
17 shares, 119 points

Со посебна изложба во центарот на марката Audi во Некарсулм се одбележува четвртина век на спортските модели со четири прстени. Како што обично е ред, покрај познатите сериски модели се изложени 13 примероци кои ретко се појавувале пред јавноста.

Дали Audi има изведено RS-изведба од својот знаменосец A8? Да, доколку се цени според примерокот што е дел од посебната изложба во чест на 25-годишнината од првиот RS, во „форумот“ на марката во Некарсулм. Станува збор за прототип, што не доживеа сериско производство.

Меѓу ретките изложени автомобили во чест на јубилејот се наоѓаат и RS 5 DTМ од германското првенство со туристички автомобили во 2013 година и тркачки TT RS од 2011 година. Посебно место припаѓа на RS 4 во лимузинска изведба и со посебно лакирана каросерија, што е дело на бразилскиот поп-артист Ромеро Брито.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Изложбата ќе биде поставена на вториот кат на Ауди Форум Некарсулм дури до крајот на март следната година. Некарсулм важи како место на раѓање на моделите R и RS. Таму во 1983 година е основана Audi Sport GmbH, фирма што е задолжена за екстремните спортски модели на Audi. Ознаката RS се однесува на „Rennsport“ односно на трки.

Хронолошки редослед на изложените Audi RS-модели:

  • Audi RS 2 Avant (1994): 2,2-литарски петцилиндарец, турбо, 232 kW (326 КС)
  • Audi RS 4 Avant (2000): 2,7-литарски V6 битурбо, 279 kW (380 КС)
  • Audi RS 6 лимузина и RS 6 Avant (2002): 4,2-литарски V8 битурбо, 331 kW (450 КС); од 2004 RS 6 plus, 353 kW (480 КС), во серија од само 999 примероци
  • Audi RS 4 лимузина (2005), RS 4 Avant (2006), RS 4 Cabriolet (2006): 4,2-литарски V8, 309 kW (420 КС)
  • Audi RS 6 лимузина и RS 6 Avant (2008): 5,0-литарски V10 битурбо, 426 kW (580 КС), од 2010 RS 6 plus со крајна брзина од 303 km/h
  • Audi TT RS Coupé и TT RS Roadster (2009): 2,5-литарски, петцилиндарец, 250 kW (340 КС); од 2012 верзија „plus“ со 265 kW (360 КС)
  • Audi RS 5 Coupé (2010) и RS 5 Cabriolet (2012): 4,2-литарски V8, 331 kW (450 КС),
  • Audi RS 3 Sportback (2011): 2,5-литарски, петцилиндарец, 250 kW (340 КС)
  • Audi RS 4 Avant (2012): 4,2-литарски-V8, 331 kW (450 КС)
  • Audi RS Q3 (2013): 2,5-литарски, петцилиндарец, 228 kW (310 КС); од 2014 250 kW (340 КС); од 2016 верзија „performance“ со270 kW (367 КС)
  • Audi RS 6 Avant (2013): 4.0-литарски V8, битурбо со 412 kW (560 КС); од 2015 верзија performance со 445 kW (605 КС)
  • Audi RS 7 Sportback (2013): 4.0-литарски, V8 битурбо, 412 kW (560 КС); од 2015 верзија performance со 445 kW (605 КС)
  • Audi RS 3 Sportback (2015): 2,5-литарски, петцилиднарец со 270 kW (367 КС)
  • Audi TT RS Coupé и TT RS Roadster (2016): 2,5-литарски, петцилиндарец со 294 kW (400 КС)
  • Audi RS 3 лимузина (2017): 2,5-литарски, петцилиндарец со 294 kW (400 КС)
  • Audi RS 5 Coupé (2017): 2,9-литарски, V6 битурбо со 331 kW (450 КС)
  • Audi RS 4 Avant (2017): 2,9-литарски, V6 битурбо со 331 kW (450 КС)
  • Audi RS 5 Sportback (2018): 2,9-литарски V6, битурбо со 331 kW (450 КС)


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

119
17 shares, 119 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *