за

Audi станува главна марка во развојот на целиот концерн Volkswagen

Audi станува главна марка во развојот на целиот концерн Volkswagen
Audi станува главна марка во развојот на целиот концерн Volkswagen

Новиот шеф на Audi, Маркус Дисман, паралелно ќе раководи и со развојот и истражувањето на нови технологии во сите марки во рамките на концернот Volkswagen.

Маркус Дисман, по стапувањето на должност како извршен директор во Audi, од следниот месец ќе го преземе и раководството со одделенијата за истражување и развој на сите марки што му припаѓаат на концернот од Волфсбург. Според Херберт Дис, прв човек на концернот, со назначувањето Audi да биде носечка марка во истражувањето и развојот, се обединуваат потенцијалите со коишто располага концернот Volkswagen и се зголемува неговата конкурентност. Во рамките на надлежностите, Audi ќе го организира и развојот на идниот оперативен систем, што ќе се користи во автомобилите од коцнернот Volkswagen.

Дисман во април ќе го преземе шефовското место во Audi. Исто како првиот човек на целиот концерн, Херберт Дис, тој има претходно работно искуство во BMW. Дополнителна функција ќе добие и шефот на Porsche, Оливер Блуме, кој во иднина ќе биде задолжен околу производството во сите фабрики што му припаѓаат на концернот.

Волфсбург најави и дека ќе го откупи преостанатиот удел што им припаѓа на малцинските акционери во Audi AG. Volkswagen поседува 99,6 проценти од акциите во Audi и со целосното преземање на сопственоста ќе цели кон поефикасно управување со компанијата.

Audi AI-ME Las Vegas CES2020
Audi AI-ME Las Vegas CES2020

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

полначи за електромобили британија супермаркети

Супермаркетите во Британија поставиле над 1.000 полначи за електромобили

австрија автопат брзина

Австрија враќа нормално темпо на автопат, 140 било штетно за животната средина