140
19 shares, 140 points

Инголштат го подобри својот најбрз и најдинамичен модел таму кадешто и досега беше најдобар: Audi R8 доби неколку коњски сили екстра, но и подвозје што дозволува уште поголема динамика и возачко уживање

По светската премиера на тркачкиот R8 LMS GT3 на парискиот салон, сега следи и серискиот модел. Во рамките на моделското освежување, Audi R8 Coupé и Spyder добија неколку промени во дизајнот, со поголем нагласок на спортскиот карактер, но добија и посилни мотори. Половина од деловите се исти со R8 LMS GT3, така што Audi не лаже кога кажува дека R8 поседува тркачки гени.

Атмосферскиот V10 е како мотор за Lamborghini – и навистина е. Петлитарецот се вградува и во Gallardo и особено е ценет по спонтаното повлекување, по брзото качување вртежи и по уникатниот „десетцилиндарски“ звук. Посилната варијанта располага со 610 КС, што се претвора во спринт до темпо сто за 3,2 секунди и крајна брзина од 330 km/h.

Моторот се монтира во унгарската фабрика на Audi и поседува сув картер, што овозможува вградување на моторот колку е можно пониско. Зафатите во моторот беа извршени главно заради филтерот за честички гареж, којшто сега е задолжителен кај бензинците, заради исполнување на нормата Euro 6d-Temp.

audi r8 spyder osvezuvanje

Поголем е ефектот од преправките во подвозјето, во насока на натамошно подобрување на стабилноста и прецизноста. Работата на сервоподдршката на управувањето е модифицирана и во стандардната верзија и во опционалната верзија со променлив преносен однос. Според техничарите на Audi, подобрена е реакцијата на управувањето и попрецизно се пренесуваат повратните информации од подлогата, во целото брзинско подрачје.

Приспособливата работа на подвозјето и погонската спрега има три нови режими, во комбинација со посилниот мотор: За суво, за влажно и за снег. Заедно со преправките во ЕЅР е постигнато топ-верзијата да сопира 1,5 метар покусо од 100 km/h, односно за дури пет метри од 200 km/h.

„Дополнителна опрема“ кај Audi R8 се детали како преден стабилизатор од карбон и алуминиум, полесен за два килограми

Новиот Audi R8 стандардно вози со бандажи од 19 инчи, опција се бандажите од 20 инчи, изработени комплетно на „фреза“, со пет двојни краци. Со доплата и натаму се испорачуваат керамички сопирачки, а по желба и предниот стабилизатор може да се добие во комбинација од карбон и алуминиум, полесен за два килограми.

audi r8 coupe osvezuvanje kokpit

Промените го изгледот се забележуваат најмногу во маската, којашто е поширока и пониска. Ситните отвори во предната хауба потсеќаат на иконскиот Audi Sport quattro. Филтерот за воздух сега се наоѓа под триделен капак, кој по желба може да биде од карбон.

Во зависност од моторот се нудат три пакети за надворешен стил, со разлики во предниот сплитер, во праговите и дифузорот. По барање на клиентот, прстените на Audi и беџовите може да бидат лакирани во сјајна црна боја. Нови каросериски бои во понудата се кемора сива и аскари сина.

Испораките на новиот Audi R8 во Германија и уште неколку европски земји ќе стартува во почетокот на следната година.

Audi e-tron не е „само“ електричен СУВ

Петтиот Audi City во светот е отворен во Варшава

Audi PB18 e-tron како да вози на „четирифазна“ струја


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
19 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743