Повеќе од три дузини од суперспорскиот Audi R8 им беа предадени на новите сопственици пред домот на марката во Инголштат. Посебно доживување за посетителите што го посведочија настанот беше звукот на 20.000 КС.
Во Ауди Форум Инголштат се случуваше спектакл од посебен вид. Фановите и соптвениците, пристигнати во храмот на марката што ја обожуваат, доживеаја претстава со 38 примероци од Audi R8 Coupé V10, Audi R8 Coupé V10 performance, како и од отворените каросериски изведви Audi R8 Spyder V10 и Audi R8 Spyder V10 performance.
Меѓу среќните сопственици на овие автомобили имаше и познати имиња од локалната и пошироката сцена, како Диџеј Еци или пејачот Џоел Бранденштајн. Пред заедничкото заминување од „Форумот“ беше организиран ручок во гурманскиот ресторан Avus.
Во центарот што е посветен на марката Audi во Баварија обично е мошне раздвижено, со клиенти дојдени лично да го преземат возилото од фабрика, да го разгледаат производството или да го посетат музејот на марката. Во рамките на „Форумот“ се наоѓаат и специјализирана продавница, спомнатиот ресторан, па дури и кино во коешто секојдневно се прикажуваат избрани филмски извадоци.
20.000 PS am Audi Forum Ingolstadt: 38 Sportwagen-Fans erhalten heute den neuen #Audi #R8 – unter ihnen auch Dj Ötzi und…
Posted by Audi on Thursday, June 13, 2019
Дваесет години и нов Audi A6 allroad quattro
Audi e-tron во мај со 856 испораки во САД
Audi TT во специјална серија достапен само преку интернет
Audi ги откажува TT и R8, најавува супер-осумка
0 Comments