за

Audi Q5 прв со задни светла со ОЛЕД-техника

Audi Q5 FL
Audi Q5 FL

Audi Q5 влегува со неколку измени во новото моделско годиште, вклучувајќи и способност за комуницирање со семафори. Првпат во браншата се вградуваат задни светла со ОЛЕД-техника.

Audi му подготви освежување на својот СУВмодел во средната класа. Изгледот на новото моделско годиште на Audi Q5 најмногу е сменет во задниот дел. Светлата сега користат ОЛЕД, односно органски диоди што самите испуштаат светлина. Од шампионот за светлосни ефекти пристига уште една новина: Може да се избира меѓу три различни стилови на задните светла. Кога друго возило ќе се приближи на помалку од два метри до опашот на Q5, засветуваат сите елементи во светлата. За оваа опција сепак мора да се доплати меѓу 900 и 1.300 евра.

Напред стандардно се вградуваат диодни светла, опција се матрични диодни светла. Останатите промени во дизајнот се невпечатливи. Едноделната маска напред е пониска и прави Q5 да изгледа поширок. Новитетот отстрана се новодизајнираните прагови, чијашто визуелна задача е возилото да изгледа полесно. Има новини и во палетата од бои, вклучувајќи темнозелена боја.

Во техниката има повеќе новини. Q5 сега поседува т.н. интелигенција на толпа, што му овозможува да комуницира со семафори и со други возила. Возачот добива препорака за брзината со којашто треба да вози, за семафорите да ги фати во зелен бран. Но, за тоа да функционира, секако дека е неопходно и градовите да имаат вградено соодветна техника во семафорите и инфраструктурата. Во Германија моментно има само два градови во кои функционира таква техника, Инголштат и Диселдорф.

New item by Automedia MK / Google Photos

Измени има и во стандардниот инфо-забавен систем со дисплеј од 10,1 инчи. Навигацијата сега подобро ги разбира говорните команди и меѓу другото може од неа да се побара и информација за најблискиот тоалет. Повеќе е корисно тоа што навигацијата отсега прикажува и кога е затворена лента од патот. Преку апликацијата My Audi може отпосле да се побараат функции, што не биле избрани при нарачката на возилото. Со моделското освежување, во Audi Q5 пристига и Гугл Алекса.

Кај моторите нема многу измени. Во гамата и натаму се нудат две плагин-хибридни изведби, со системска моќност од 299, односно 367 КС. Место четириесет километри, со полна батерија сега може да се извозат 50 километри, пред да се вклучи бензинецот.

New item by Automedia MK / Google Photos

Во почетокот на продажбата на Audi Q5 кон крајот на годинава ќе стои на располагање 2.0 TDI со 204 КС и благ хибриден погон. Подоцна следат уште два дволитарски дизели, со 136 и со 163 КС. Врвот во понудата од дизели ќе му припадне на 3.0 TDI, кој веројатно ќе ослободува 231 КС, како и досега. Уште еден чекор понатаму продолжува SQ5 TDI со 341 место со 347 КС. Двојното впрскување адблу е стандард кај новите дизели на концернот.

Од бензинците, во почетокот ќе бидат достапни верзии на 2.0 TFSI со 204 и 265 КС. Во принцип, четирицилиндарските мотори користат обична 12-волтна мрежа, додека шестцилиндарците користат 48-волтна техника на благ хибрид. Наспроти четирицилиндарците кои поседуваат 7-степен менувач со двојна спојка, верзиите со шестцилиндарец располагаат со 8-степен Tiptronic.

Audi A5 се произведува во фабриката Сан Хозе Чиапа во Мексико. Цената на моделската изведба Audi Q5 40 TDI со 204 КС на германскиот пазар изнесува 48.700 евра.

https://www.facebook.com/Automedia.mk/posts/3419535314765057

New item by Automedia MK / Google Photos
New item by Automedia MK / Google Photos

https://www.instagram.com/p/CCBDyPrAaQP/

>>> Како Audi ги создава моделите RS?

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Украдени скапи коли пронајдени во контејнери во Италија

Украдени скапи коли пронајдени во контејнери во Италија

Kia Carnival

Kia ги враќа вановите на сцена со новиот Carnival