122
18 shares, 122 points

BMW X1 и Mercedes GLA добиваат свежа конкуренција со новата генерација на Audi Q3. Компактниот СУВ се издолжи за десет сантиметри, доби многу дисплеи и само еден дизел

Audi го претстави новиот Q3 по седум години од појавувањето на првата генeрација на моделот. Компактниот СУВ доби поспортски изглед, поостри линии и поскладна појава. Осумаголната маска е позиционирана повисоко, а рамката околу неа повеќе не изгледа толку нападно. Во светлата стандардно работи диодна техника. Впечатлив е изгледот на дневните светла.

Згоден детал се темно лакираните арки во предните и задните крила, кои заедно со темните прагови му даваат теренска робусност на Audi Q3. Моќен впечаток оставаат и испакнатите крила, кои очигледно се инспирирани од рели-монстумот од 1980-те, Audi quattro. Опашот не е толку заоблен како порано, туку изгледа многу „потехнички“.

Модуларната платформа MQB и за Audi Q3, за повеќе простор во кабината и пониска тежина

Вака дотеран, новиот Audi Q3 од наесен ќе им се спротивстави на BMW X1 и на Mercedes GLA. Конкуренцијата во сопствените редови исто така е силна, со Skoda Kodiaq, Seat Ateca и Skoda Kodiaq.

Како основа служи модуларната платформа MQB, со којашто се постигнува повеќе простор во кабината, а воедно и пониска тежина на возилото во споредба со претходникот. Должината порасна за близу десет сантиметри, на 4,49 метри, во ширина се додадени 18 милиметри, за вкупно 1,85 метар, единствено во висина се одземени пет милиметри (1.585 милиметри)

Audi Q3 vtora generacija 3

Во кокпитот прво се забележува MMI-дисплејот на допир, со дебела метална рамка околу него. Под опционалниот дисплеј со пречник од 25 сантиметри се наоѓа полето за климатизацијата, со класични команди, заедно со пристап до основните функции за радиото.

Уште еден голем новитет е тоа што Audi Q3 стандардно доаѓа со дигитални инструменти. Тука може да се доплати единствено за дисплеј од 12,3 инчи, со тридимензионален приказ. Задната клупа се мести по агол и лизга надолжно 15 сантиметри, а со тоа соодветно се менува и зафатнината на багажникот, меѓу 530 и 675 литри.

Алкантара за првпат и на арматурбата табла и на облогите на вратите

Нивоата на опрема Audi design selection и S line вклучуваат спортски седишта. Новитет е тоа што при доплата за алкантара, овој сé почесто користен материјал ќе се најде и на арматурната табла, како и на облогите на вратите. На списокот на дополнителна опрема се наоѓаат и амбиентално осветлување во 30 бои, двозонска клима, грејач во воланот и голем стаклен покрив.

Од системите за асистенција, Q3 стандардно поседува систем за следење лента, којшто при невнимателно возење го враќа теренскиот Audi во сопствената сообраќајна лента, при брзини над 60 km/h.
Подвозјето ја задржува спортската нота од претходникот, но воедно обезбедува и дополнителна доза на комфор. Опција е подвозје со приспособливи амортизери. Повеќе избор за возачот следи со Audi drive select, со шест режими на работа на амортизерите, чувствителноста на гасот, управувањето и работата на S-tronic.

Audi Q3 vtora generacija 4

Понудата од мотори се состои од три бензинци и еден дизел. Добрата вест е тоа што Audi Q3 не добива трицилиндарски мотор. Бензинците покриваат дијапазон од 150 до 230 КС, а единстевниот дизел располага со 150 КС.

Основна моделска изведба е Q3 35 TFSI со 1,5-литарец со 150 КС и 250 њутнметри, кој се префрлува на работа со два цилиндра кога има услови за тоа. Моторот е комбиниран со седумстепен S-tronic, верзија со погон на сите тркала не се нуди. Веднаш по пазарниот старт ќе следи и изведба со мануелен менувач.

Audi Q3 vtora generacija 2

Во Q3 40 TFSI и во Q3 45 TFSI работи дволитарец, во првиот случај со 190 КС и 320 Nm, а во вториот случај со 230 КС и 350 Nm. Погонот quattro е стандард, исто како и седумстепен S tronic.
Дизелот ја носи ознаката Q3 35 TDI, располага со 150 КС и 340 Nm, и во почетокот се нуди само со S tronic и quattro. Подоцна ќе следи верзија со преден погон и мануелен менувач, како и верзија со 190 КС.

Врвот во моделската гама на Q3 ќе им припадне на спортските верзии S и RS. За топ-спортската верзија се претпоставува дека ќе располага со моќност од 400 КС. Цените ќе бидат познати во август, кога стартуваат и нарачките за компактниот СУВ на Audi.


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

122
18 shares, 122 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743