за

Audi Q3 стана купе достојно за името Sportback

Audi Q3 Sportback
Audi Q3 Sportback

Компактниот СУВ во стил на купе првично требаше да ја носи ознаката Q4, меѓутоа баварците сепак се решија за Q3 Sportback. Ознаката на моделот воопшто не решава за успехот што овој модел ќе го постигне на пазарот.

Германското премиум трио Audi-BMW-Mercedes овојпат не е тоа што предизвикува во сегментот на кросовери во стил на купе, туку допрва ќе мора да се докажува. Единствено BMW го има X2 во овој дел од пазарот што излезе дека всушност е мошне полн. Lexus UX, Toyota C-HR, Mitsubishi Eclipse Cross, Jaguar E-Pace, Range Rover Evoque, Mazda CX-30, Subaru XV, па зошто да не и Volkswagen T-Roc. Сите овие модели повеќе или помалку го почитуваат купе-стилот и се разликуваат од главната струја. Но, факт е дека не се малку.

Audi одговара на предизвикот со Q3 Sportback, се чека уште Mercedes да дополни со новиот GLA

Во поглед на техниката, Audi Q3 Sportback ја користи основата од новата генерација на Q3, која и самата штотуку стартуваше со продажба и доаѓа од фабриката во Ѓер, Унгарија. Тазликата е во линијата на покривот, којашто се спушта елегантно во стил на купе, без притоа да им одзема вреден простор за глава на патниците на задната клупа.

New photo by Automedia MK / Google Photos

СУВ-купето е три сантиметри пониско од Q3, но тоа што дава посебност во изгледот се рабовите над тркалата, во стилот на пра-кватро. Овој оригинален детал во задното крило прави Q3 Sportback да изгледа многу подолго, од реалните 16 милиметри колку што новакот фактички е подолг од неговиот докажан брат. Бандажите од 17 инчи се дел од стандардната опрема, кој сака повеќе има избор до бандажи од 20 инчи.

Спортско подвозје, прогресивно управување и Audi drive select како стандардна опрема

Моторите во Audi Q3 Sportback се добро познати. При почетокот на продажбата наесен, на располагање ќе стои дволитарски TFSI со 230 КС и два дизели, со 150 и со 190 КС. Пред крајот на годината ќе следи уште една, посилна изведба со дизел мотор, но и верзија со благ-хибриден погон, во комбинација со 1,5-литарски TFSI со 150 КС и стартер-генератор со моќност од 12 киловати во 48-волтна мрежа. Ваквата електрификација на погонската спрега ќе помага да се заштедат четири децилитри гориво на сто километри. Погонот е напред, менувачот е седумстепен со двојна спојка. Изведбите со 190 и 230 КС стандардно возат со погон quattro и седумстепен менувач со двојна спојка.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Внатрешноста е идентична со Audi Q3. Задната клупа може да се поместува 13 сантиметри по должина, поделена е на три делови и може да се мести и по агол. Багажникот нуди простор со големина меѓу 530 и 1.400 литри. Со доплата се вградува и електромотор за задниот капак.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Исто како кај Audi Q3, за дигиталните инструменти може да се избира дијагонала од 10,25 или 12,3 инчи, во комбинација со средишен дисплеј од 10,1 инчи, за ракување со навигацијата и за пристап до главнината од функциите на возилото.

Понудата од системи за асистенција е вообичаено богата и актуелна, вклучувајќи самостојно запирање при опасност од судир, систем за следење лента и предурпедување при напуштање на лентата. Германскиот ценовник стартува од 40.200 евра за Q3 Sportback 35 TDI S Tronic, додека 45 TFSI quattro S чини 46.200 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Touareg достигна милионска продукција

Jaguar XE SV Project 8 rekord 2

Jaguar XE го собори сопствениот рекорд на Нирбургринг