за

Audi ќе постави 38 полначи на тренинг-стадионот на Баерн

Audi ќе постави 38 полначи на тренинг-стадионот на Баерн
Audi ќе постави 38 полначи на тренинг-стадионот на Баерн

Стадионот за тренинг на фудбалскиот клуб Баерн Минхен е подготвен за Audi e-tron. Карл Хајнц Румениге, претседател на клубот, Оливер Кан, член на одборот и Хилдегард Вортман, директорка за продажба на Audi, означија почеток на поставувањето на 38 полначи за електрични автомобили.

Полначите ќе бидат ставени во функција кон крајот на летото, односно точно пред почетокот на следната сезона во бундеслигата. Фудбалерите на Баерн тогаш ќе почнат да ги користат своите Audi e-tron. Електричниот СУВ на марката со четирите прстени ќе ја освежува батеријата на полначи со моќност до 150 киловати. Тие ќе бидат поставени во подземната гаража во домот на Баерн во Зебенер Штрасе во Минхен. Од почетокот на следната година, Audi ќе поставува полначи и на Алијанц Арена, што ќе им бидат достапни на фановите и на посетителите на стадионот.

Баерн Минхен и Audi во јануари објавија дека го продолжуваат партнерството до 2029 година. Во следните години тие ќе соработуваат особено во иновативните маркетиншки акции и во електрификацијата.

Повеќе од половината од возниот парк на Баерн ќе биде електрифициран од наесен. Клубот со тоа ќе ја смали просечната емисија на СО2 од својот возен парк на помалку од 95 грами на километар, односно под лимитот што Комисијата на ЕУ им го одредува на производителите на автомобили.

Audi: Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели

Audi Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели
Audi Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели

Какво е Вашето мислење

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Коментари

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вчитувам

0
Сега и моторите на BMW добија радарски темпомат

Сега и моторите на BMW добија радарски темпомат

Во мај продадени 274 нови автомобили во Македонија