181
25 shares, 181 points

Победа на Audi во секоја втора класа во изборот на читателите на германскиот Ауто Билд, во категоријата во којашто се оценуваше квалитетот на возилата.

Изборот за „Најдобри марки во сите класи“ според гласовите на читателите на германскиот Ауто Билд, потврди дека сцената има голема доверба во квалитетот на Audi. При гласањето за категоријата на изборот што се однесува за квалитетот, моделите на Audi освоија најмногу гласови во дури седум од вкупно 14 класи.

Марката со четирите прстени мина добро меѓу читателите на Ауто Билд и во категоријата за дизајнот, како и за противвредноста. На два модели на Audi им успеа да понесат и генерална победа во својата класа, по собирањето на гласовите од сите три категории.

Во поглед на квалитетот, Audi е и останува број 1. Квалитет без компромиси е едно од клучните подрачја во коишто сме најкомпетентни, а тој се користи и како ударен аргумент при рекламирањето

Михаел Нојмајер, раководител за квалитет во Audi

Во изборот за „најдобрите марки во сите класи“ се гласаше за 37 марки, во 14 класи. Читателите во секоја класа гласаат за моделот што ценат дека има најдобар квалитет во својата класа, за моделот со најдобар дизајн и за моделот со највисока противвредност. Потоа се пресметува просечната оцена за секој модел и на тој начин се решаваат победниците во секоја класа.

Audi A4

Во категоријата за квалитетот, моделите на Audi победиле во седум од вкупно 14 класи. Одделно по модели, тоа се A1 (меѓу градските автомобили), A3 (компакти), A4 (средна класа), A7 Sportback (виша класа), A3 Cabriolet (кабрио и родстери до 50.000 евра), Q3 (СУВ средна класа) и Q7 (СУВ висока класа). Во просек, Audi при оценувањето на квалитетот освоил 71,3 проценти од гласовите на читателите.

Во категоријата за дизајнот, Audi победи во вишата класа со A6, додека со S5 Cabriolet победи во категоријата за противвредноста, во класата на кабриолети со цена до 50.000 евра. Вкупната победа им успеа на моделите на Audi во сегментот на вишата класа и меѓу големите СУВ-модели.

Audi A3 не сака да биде само поскап Golf


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

181
25 shares, 181 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *