за

Audi поставува пластични острови во Ротердам

Audi ostrovi Roterdam

Пластиката што кај нас испливува од надојдениот Вардар при секој поголем врнеж, Audi ја претвора во мини-платформи коишто се користат како пријатен простор за одморање во Ротердам

Во џиновскиот пристанишен комплекс во Ротердам, од средата пловат малечки шестаголни објекти, чијшто натпис јасно укажува дека станува збор за рециклиран материјал. Проектот е финансиран од Audi и има убава симболика. Пластичниот отпад што по македонските реки го оставаме да отплови, преправајќи се како со тоа да исчезнал, Холанѓаните го претворија во мини-платформи, коишто создаваат нов урбан простор. Тоа, дополнително на симболиката дека „Низоземците“ нз историјата успеаја огромни пространства под вода да ги претворат во почва.

Пластиката е „набавена“ со помош на специјален собирен базен за пластичен отпад од течението на реката Ное Мас. Тој потоа е селектиран и дел од него е преработен во овие мини острови. Новостекнатата површина е засадена со растенија, со простор за одмор во центарот на островскиот комплекс.

Audi беше воедно и идеен креатор за проектот. Собирниот базен во реките ги фаќа пластичните предмети што во најголемиот дел пловат еден метар под површината. Со други зборови, тоа што не се гледа, не значи дека не постои.

Вкупната површина на островите во ротердамското пристаниште изнесува 140 метри квадратни. Секој остров е голем 5 метри квадратни и поврзан е со останатите. Може да се посадат и неколку метри високи дрва – веројатно врбите се „превисоки“. Повеќето блокови имаат отворена структура, што значи дека корењата на растенијата можат да се шират слободно. Овие корења воедно се корисни и како извор на храна за живиот свет во водата.

До крајот на годинава, слични проекти ќе се изведат во каналот Шарлероа во Брисел и на индонезискиот остров Амбон.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Cupra e-Racer Zagreb

Електричната Cupra e-Racer првпат на тркачка патека

заблуда перење електричните автомобили

Електричните автомобили не се за автоперална според 42% од Британците