172
39 shares, 172 points

Модели на Audi победија во четири од десет категории на изборот за најдобри теренци на специјалното издание на Ауто Билд. Еден од победничките теренци на Audi веќе вози на струја.

Audi постигна убедлива победа во изборот за најдобри автомобили со погон на сите тркала на специјализираниот магазин „Ауто Билд Алрад“. Моделите Q2, Q5, A6 allroad quattro и електричниот Audi e-tron се изџборија за победа во своите класи. Со тоа, Audi e најуспешна марка во годинешниов избор.

Четирикратната победа (по една за секој прстен во знакот) е особено значајна за Audi, затоа што марката долги години го развива и усовршува својот погон quattro. Успехот на e-tron најмногу ги радува директорите на марката од Инголштат, како модел што го пренесува искуството на марката со погонот на сите тркала во ерата на електричниот погон.

Audi e-tron

На изборот на „Ауто Билд Алрад“ (Allrad значи погон на сите тркала) учествуваа 211 модели од 43 марки, кои се натпреваруваа во десет категории. Читателите на магазинот даваа по еден глас за секоја класа возила.

Моделите на Audi победија во следните класи:
  • Теренски возила и СУВ до 35.000 евра: Audi Q2
  • Теренски возила и СУВ од 35.000 ди 50.000 евра: Audi Q5
  • Кросовери со погон на сите тркала: Audi A6 allroad quattro
  • Хибриди и електрични возила со погон на сите тркала: Audi e-tron

Изборот за најдобар автомобил со погон на сите тркала на „Ауто Билд Алрад“ се одржува уште од 2002 година. Само во минатите десет години, модели на Audi се искачиле 17 пати на врвот, при што на A6 allroad quattro тоа му успеало трипати. Audi Q5 победи и пред две години.

Audi e-tron во спектакуларно искачување по ски-патеката во Кицбил


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

172
39 shares, 172 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *