за

Audi подготвува враќање во погон на фабриката во Брисел

Audi e-tron dobavuvaci proizvodstrvo

Во фабриката на Audi во Брисел се вршат подготовки за обновување на производството, откако ќе престанат да важат мерките за ограничено движење.

Производствените ленти уште мируваат. Кризата од корона ја блокираше продукцијата на автомобили во Белгија, исто како и во остатокот од Европа. Во фабриката на Audi во Брисел сепак се вршат подготовки, за нов старт по кризата.

Компанијата планира низа мерки, заради заштита на здравјето на вработените. Работните места ќе се организираат различно, со цел да се одржува растојание од најмалку 1,5 метар меѓу две лица. Носењето маска и ракавици исто така се подразбира.

За вработените да можат да го одржуваат безбедното растојание и на пат до работното место, Audi имиа ангажирано повеќе автобуси. По секое возење, автобусите се дезинфицираат. Половина од административната работа и натаму ќе се врши од дома.

Во фабриката во Брисел се произведуваат електричните СУВ-модели на Audi

Производството во Брисел мирува од средината на март, исто како во останатите фабрики на Audi, заради заштита на вработените и поради прекинатиот синџир на испорака од добавувачите. Засега нема поставено датум, кога би продолжило производството. Но, расте притисокот да се смалат радикалните ограничувања во јавниот живот и во стопанството.

audi e-tron prodazba sad

Audi во Брисел ги произведува електричните модели e-tron и e-tron Sportback. Нивната продукција се соочуваше со проблеми уште во почетокот на кризата, поради недоволната испорака на батерии од добавувачите.

Audi e-tron доби спортска изведба со 503 КС и три електромотори

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Tesla објави видео од фабриката во Шангај

Suzuki S-Cross е автомобил на годината во Унгарија

Suzuki S-Cross е автомобил на годината во Унгарија