за

Audi: Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели

Audi Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели
Audi Аеродинамичноста е важна за досегот на електричните модели

Аеродинамичноста е клучен фактор за досегот на електричните автомобили. Спортското СУВ-купе на Audi постигнува cw 0,26 што е исклучителна вредност за овој вид возила. Разликата е во деталите.

Електричните модели на Audi што ја носат ознаката S се препознаваат по спортските детали во надворешниот изглед. Арките на крилата, на пример, на секоја страна се пошироки за 23 милиметри во споредба со основната изведба. СУВ-купето e-tron Sportback S има впечатлива форма на каросеријата, но таа не служи само за личост, туку се одликува и со одлична аеродинамичност.

Раното спуштање на покривот го намалува отпорот на воздух во споредба со стандардниот e-tron. Покрај тоа, спојлерот на капакот на багажникот го оптимира струењето на воздухот во задниот дел од каросеријата.

Посебна улога има контролираното струење на воздухот околу предните тркала. Страничните отвори напред – т.н. Air Curtains – го насочуваат воздухот до поткрилата, со цел да се постигне саканото струење на воздухот околу тркалата и по должината на каросеријата. За истата намена служат и отворите во арките на крилата. Во отворите што се изведени во предниот дел од арките се изработени хоризонтални ламели. Тие го насочуваат воздухот на таков начин што тој ги „покрива“ несаканите вртложења во поткрилата и на тој начин ги затвора. Тоа резултира со мазно струење на воздухот по должината на каросеријата. Дизајнот на бандажите од 20 инчи и профилот на гумите исто така се оптимирани во истата насока.

New item by Automedia MK / Google Photos

Со отворените арки во крилата, Audi го решава конфликтот меѓу врвна аеродинамика и спортски изглед. Марката со четирите прстени првпат го применува ова патентирано решение во сериски автомобил. На тој начин, новиот Audi e-tron S Sportback постигнува вредност cW 0,26 – додека Audi e-tron S доаѓа до 0,28.

Виртуелни ретровизори со дисплеи во кабината

Во намалувањето на отпорот на воздух влијаат и тенките виртуелни ретровизори. Нивниот удел е ист како кај каналите во арките на крилата. Станува збор за 3 километри – за толку се зголемува досегот при возење на струја само благодарение на овие решенија.

Напредниот аеро-концепт на идните модели e-tron S продолжува и во подот. Тој е целосно обложен, но во него се дополнително изведени спојлери, за воздухот да струи мазно под возилото. Дури и завртките се впуштени, слично како „Dimples“ кај топче за голф.

Уште еден фактор е стандардната пневматска амортизација, која при повисока брзина го спушта возилото во два степени, за крајни 26 милиметри. Ламелите што го затвораат протокот на воздух зад маската се веќе познат трик. Тие се затворени меѓу 48 и 160 km/h. Кога климата или погонот имаат потреба од повеќе воздух, ламелите се отвораат во повеќе степени. При силно сопирање, се отвораат и два канали што водат воздух за ладење до сопирачките

Вртежен момент до 973 Nm: Нов погонски концепт со три електромотори

Идните модели e-tron S користат три електромотори, од кои два работат на задната оска. Тие заеднички постигнуваат 370 kW (503 КС) и вртежен момент што краткотрајно достигнува 973 Nm. Спринтот до темпо сто трае 4,5 секунди. Посебно поглавје е врвната возна динамика, што се постигнува со целно вклучување на електромоторите, зависно од ситуацијата во возењето.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volkswagen Arteon Shooting Brake

Volkswagen Arteon SB го враќа шармот на комби-моделите

Месечна претплата е нова хит-понуда на европскиот автопазар

Месечна претплата е нова хит-понуда на европскиот автопазар