за

Audi стартува со производство на електромотори во Унгарија

audi производство електромотори унгарија

Audi е подготвен за ерата по дизелот и по дизел аферите. Во фабриката во Унгарија започна со работа погонот за електромотори, пуштен од министерот за надворешни работи Петер Сијарто

Во фабриката на Audi во Гјор официјално стартуваше производството на електромотори. Посебниот производствен погон зафаќа површина од 8.500 метри квадратни и беше пуштен во работа од унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Во погонот се инвестирани над десет милиони евра, а најмногу е вложено во таканаречената модуларна монтажа. Унгарската фабрика на Audi прва стартува со електромотори и ќе биде главен погон за нивното производство. Тие ќе се вградуваат во Audi e-tron, во првиот електричен модел на марката со четирите престени, чијашто завршна монтажа ќе се врши во фабриката во Брисел.

Audi стартува со производство на 400 електромотори дневно, наменети за e-tron

Дневниот производствен капацитет во моментов изнесува околу 400 електромотори во една смена, а во производството учествуваат стотина вработени. Производствените позиции се фиксни, но не се поврзани меѓусебно со лента. Место тоа, електричните оски се произведуваат според модуларна метода, на таканаречени производствени острови. Компонентите се доставуваат до работните позиции со автономни роботи, контролирани од интелигентен компјутерски систем.

audi производство електромотори унгарија транспорт

Во фабриката во Гјор лани се произведоа 1.965.165 мотори, што ја вбројува меѓу најголемите фабрики за мотори во светот. Моментно се произведуваат шест бензински и три дизел мотори, во дијапазон меѓу 86 КС и 649 КС. Околу 6.000 работници произведуваат по 9.000 мотори секој ден, за испорака до 32-те фабрики на целиот концерн Volkswagen.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Производителите со нова серија измами околу издувните гасови

Производителите со нова серија измами околу издувните гасови

Ford вложува 4 милијарди долари во автономни возила

Ford вложува 4 милијарди долари во автономни возила