144
20 shares, 144 points

Од фабриката на Audi во Брисел излезе првиот сериски примерок од електричниот кросовер Audi e-tron. Премиерата е веќе за две недели

Во фабриката на Audi во Брисел денес започна сериското производство на Audi e-tron, првиот електричен автомобил на марката. Конечниот изглед на серискиот модел уште останува затскриен, барем во следните две седмици. E-tron ќе го има своето прво појавување пред јавноста на 17-ти септември, во Сан Франциско.

Од тоа што стратезите на марката сакаат јавноста да го види уште сега, на фабричката фотографија се забележува различна форма на маската во споредба со останатата моделска понуда на Audi. Мошне впечатливи се попречните лајсни во маската, вкупно шест на број, масивни и хромирани. Што точно треба да симболизираат овие лајсни, дизајнерите веројатно ќе ни откријат во средината на месецов.

Уште посилен печат во стилскиот настап на Audi e-tron оставаат предните светла. Сепак светлината е еден од основните видови на „визуелизација“ на електричната енергија, па оттаму е сосем разбирливо што стилистите, генерално кај електричните автомобили од речиси сите марки, поставуваат уште посилен нагласок кај светлата.

Audi e-tron со енергијата во батеријата вози исто колку RS6 со бензинот во резервоарот – сé е релативно

При користење брз полнач од 150 киловати, батеријата на електричниот теренец се полни за само половина час. Тоа звучи импресивно, но не толку кога ќе се има предвид дека полначите со толкава моќност се премногу ретки. Досегот изнесува околу 500 километри во најдобриот случај. Возачите на RS-моделите на Audi ќе знаат дека тоа е повеќе отколку што нивниот автомобил може да извози на бензин, така што и крикитите околу ограничениот досег на електричните автомобили почнуваат да се релативизираат.

Audi e-tron rekuperacija

Безшумното напуштање на производствената лента на Audi e-tron го поздравија шефот на производство Петер Кеслер и портпаролот на бриселската фабрика Патрик Данау. Дополнителна атракција на електромобилот на Audi му даваат виртуелните ретровизори, односно комбинацијата од камери и дисплеи коишто служат како замена. Техничарите на марката нагласуваат дека возната динамика и возните својства се на исто ниво со останатите модели на Audi.

Фабриката во Брисел исто така се надоврзува на техно-авангардата: Тоа е прва фабрика за големосериско производство на премиум автомобили којашто има сертификат дека е СО2-неутрална. Пренамената во фабрика специјализирана за електромобилност почна уште во летото 2016 година. Локално се произведуваат и батериите за возилата. Работниците имаат тренинг од повеќе од 200.000 работни часови – секако дека тоа е вредност што се однесува на целито работен персонал во фабриката во Брисел.

Премиерата е на 17-ти септември, во Сан Франциско. Како и вообичаено, Audi ќе го пренесува спектаклот во живо на www.e-tron.audi .


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

144
20 shares, 144 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format