Во центарот на Audi во Инголштат се случи и првото фабричко примопредавање на електричен автомобил. Сопственичка на Audi e-tron е младата дама Џенифер Поршт, која пристигна во домот на марката, за седнувањето во новиот автомобил да биде вистински незаборавен настан. Мал проблем може да биде тоа што завршната монтажа на e-tron се врши во Белгија.
Електричната ера започна и во центарот на марката Audi во Инголштат, во познатиот „Audi Forum Ingolstadt“. Горда сопственичка на Audi e-tron, првиот електричен автомобил што е преземен директно од фабрика е Џенифер Поршт. Во семејството на младата Германка веќе се возат неколку примероци од RS-гамата на Audi. Брзините и погонската моќ не ѝ се непознати на Џенифер, којашто учествува како аматер на бројни рели-натпревари.
Преземањето нов Audi од Инголштат подразбира и посета на фабриката, на музејот, на гурманскиот ресторан…
Audi Forum прави преземањето на новите автомобили во центарот на марката да биде незаборавно доживување. Врв во програмата е презентацијата на моделот и чинот на предавање на клучевите. Тоа што не може да се доживее во салон е разгледување на фабриката и посета на музејот на Audi.
На располагање стои и продавницата со производи со знакот на Audi, прикажување филмови поврзани со марката во кино-салата, а секако и ресторан, со врвно подготвена храна и уникатен амбиент. Освен во Инголштат, првото директно примопредавање на електричниот Audi денес беше одбележано и во центарот на марката во Некарсулм.
Audi Q4 e-tron е веќе петти модел на струја до 2020 година
Audi e-tron во спектакуларно искачување по ски-патеката во Кицбил
Audi ќе произведува струја на 160.000 метри квадратни под соларни панели
Електричниот Audi e-tron во Германија стартува од 79.900 евра