за

Audi e-tron не е „само“ електричен СУВ

Audi e-tron Namibija_n

Со неколку сцени од тестирањето на прототипите во Намибија, Audi e-tron уште еднаш најавува дека возачите можат да очекуваат нешто посебно: Погон quattro што реагира за 30 милисекунди, 50 пати побрза контрола на тракција, каросерија што се подигнува 50 милиметри

Сцените се познати, марката со четирите прстени е позната, единствено е необичен погонот. Кревањето песок и прав некогаш беше вообичаено за Audi, кога марката направи револуција во релито со првиот Quattro, но тоа што е ново е моделот и неговиот погон. Audi e-tron, со електричен погон – и со електричен погон на сите тркала.

Audi објави фотографии од тестирањето на прототипите од e-tron во Намибија. Календарот со настани се наруши поради трката со Mercedes околу претставувањето на електрични СУВ-ови, но никому не пречи тоа што прототипите се појавуваат повторно. Audi e-tron и официјално имаше салонска премиера во Париз, а претходно и светска премиера во Сан Франциско.

Сцените со Audi e-tron во Намибија го прикажуваат електричниот погон во полна моќ

За да ги докаже динамичните својства на електричниот СУВ со големина на Q5, Audi го искористи соленото езеро на работ на пустината Калахари. На ситен песок, којшто е лош партнер за гумите на e-tron, надоместува интелигенцијата и моќта на погонот, и го гледаме ова големо парче автомобил како изведува контролиран дрифт, среде пустелијата што досега до еден километар на секоја страна.

Audi e-tron Namibija7

Техничкиот арсенал за овој потфат: Електричен погон на сите тркала, систем за контрола на динамиката Audi drive select и воздушна амортизација, којашто е стандард тука. На копче, каросеријата на Audi e-tron се подига за 50 милиметри. Во исто време, се приспособува и електронскиот ум, кој ја зајакнува „симулацијата“ на блокада на диференцијал.

Двата електромотора заедно произведуваат до 408 КС и 664 њутнметри. За погонот да ја реализира оваа моќност, клучна е работата на термоменаџментот, чијашто улога во суштина е аналогна на системот за ладење кај обичните мотори.

Мајсторијата на електричниот погон на сите тркала е приспособливата распределба на њутнметрите

Тоа што дава посебно значење на електричниот погон на сите тркала кај „марката со погонот на сите тркала“ се речиси безграничните можности за њутнметрите да се распределуваат во точна мера, во точно време, во точно времетраење и во точна модулација, посебно за секое тркала. Фантастично!

Откако сензориката ќе препознае неопходност од интервенција, до моментот на нејзиното спроведување, минуваат само 30 милисекунди. Тоа е неспоредливо побрзо од постоечката, класична quattro-технологија. Нема механика, тука буквално е брзо како струја.

Audi e-tron Namibija3

Во случај на подуправување, Audi e-tron ги потсопира тркалата што се од внатрешната страна на свијокот и ја распределува погонската сила на надворешните тркала. Така возилото уште побрзо и полесно се мести во свијок и точно го следи правецот на тркалата. Има и нов вид на контрола на тракција: Спречувањето на пролизгувањето на тркалото поради преголемата моќ што доаѓа до него, се врши директно во електромоторите. Тоа трае 50 пати покусо отколку кај обичната контрола на тракција. Возачот може да „игра“ со четирите степени на чувствителност на системот за контрола на стабилноста.

Електричниот СУВ може да биде комфорен крстосувач и робусен теренец во едно

Серискиот систем за регулирање на возната динамика Audi drive select дозволува возилото да се приспособи за најразлични терени. Освен врз погонската спрега, се влијае и врз преносниот однос во управувањето, како и врз воздушната амортизација. На автопат, каросеријата се спушта за 26 милиметри, додека на терен, таа може да се подигне за 50 милиметри.

Audi e-tron Namibija4

Екстра-стабилноста на погонот на струја е веќе апсолвирана работа: Тешката и релативно тенка батерија е вградена ниско, електромоторите се компактни и исто така се вградуваат ниско, што резултира со солидна динамика во возењето. Тежиштето доаѓа на слична висина со лимузина, распределбата на тежината меѓу оските е 50:50. Дополнително, каросеријата има за 45% зголемена отпорност на торзија, како гаранција за прецизна управливост и акустичен комфор во кабината.

Продажбата на Audi e-tron на германскиот пазар стартува кон крајот на годината, ценовникот почнува од 80.000 евра.

[FAG id=35526]

Audi e-tron: Електричен СУВ во напаѓачки модус

Стартува производството на електричниот Audi e-tron

Audi PB18 e-tron како да вози на „четирифазна“ струја

Електричниот Audi e-tron полни удолу исто колку што троши угоре

Вака изгледа внатрешноста на електричниот Audi e-tron

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

казни за телефонирање во возење

Холандската полиција собрала 17 милиони евра од казни за телефонирање

Штутгарт ПМ-аларм аерозагаденост

Штутгарт активира аларм за аерозагаденост, Скопје гради автопатишта