за

Зошто електричниот Audi e-Tron GT звучи како V8 во новиот „Авенџерс“

audi e-tron gt concept

Во новото продолжение на „Авенџерс“, електричниот Audi e-Tron GT произведува продорен звук на V8-мотор. Како и обично, филмските продуценти имаат малку поразлична реалност.

Audi e-Tron GT доби неколку важни сцени во новото продолжение на „Авенџерс“. Филмот уриваше рекорди уште во првиот викенд и заработе 1,2 милијарда долари. Сите среќни и задоволни? Не сите, дел од публиката има една забелешка.

Во една од најважните сцени за Audi, главниот лик Тони Старк извозува брза тура по улиците и запира пред седиштето на Авенџерс. Но, место тивко зуење на електричниот погон, се слуша брборење на V8. Многумина проценија дека се работи за пропуст.

Одговорноста за пропустот не е кај Audi, туку кај филмските продуценти

Според Audi, продуцентите барале e-Tron GT да произведува поагресивен звук, кој ќе одговара со филмот. Така и се постапило. Од американскиот огранок на премиум марката дополнмително аргументираат дека уште годинава стапува на сила закон, која бара електричните автомобили да произведуваат вештачки звук, заради безбедност на минувачите. Но, дали тоа треба да биде токму звук на V8-мотор?

По социјалните мрежи се разврза бурна дискусија на темата. Честопати се спомнува и новиот филм за Џејмс Бонд, во когошто Даниел Крег ќе вози Aston Martin Rapide E – најпознатиот таен агент во светот првпат ќе биде зад воланот на електричен автомобил.

Откако Тони Старк во 2008 година премиерно го прикажа суперспортскиот Audi R8 пред светот, фановите на Марвел се „поврзаа“ со марката. Според Холивуд, сега е ред електричниот Audi e-Tron GT да ги анимира фановите и да предизвика иста еуфорија како што своевремено беше случај со Audi R8. Сериската изведба на e-tron GT се очекува да се појави кон крајот на следната година.

https://youtu.be/F6d-LqmvLsA

Audi S5 со трилитарски дизел и малку на струја

Audi со четири титули во изборот на најдобри теренци на Ауто Билд

Tesla држи цена повеќе од Porsche и Audi

Џенифер го презеде првиот Audi e-tron директно од фабрика

 

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ford Focus, најпродавани модели Германија

Топ 50 Најпродавани модели во Германија до април

Jaguar возачки тренинг

Во возачката академија на Jaguar се „учи“ на Нирбургринг