154
23 shares, 154 points

Германците сами ги произведуваат електромоторите во својата фабрика во Ѓор / Унгарија. Но, постојат уште стотици компоненти за Audi e-tron коишто пристигаат од добавувачите. Кои се фирмите што ги произведуваат, складираат и точно навреме ги испорачуваат деловите и модулите за e-tron, прикажуваме на следниот список

Audi напаѓа сериозно на пазарот на електрични автомобили со e-tron. Електричниот СУВ пристига кон крајот на годинава, како моќен конкурент на Tesla Model X. Ценовникот започнува од околу 80.000 евра, а со едно полнење на батеријата ќе може да се извозат до 400 километри.

Audi e-tron dobavuvaci proizvodstrvo 2
Роботизирани возила ги доставуваат компонентите навреме и на вистинското место

Околу стотина вработени моментно изработуваат по 400 електрични погони дневно. Секој e-tron поседува по два електромотора, еден за погон на предната и еден за погон на задната оска. Во стандардната опрема спаѓаат диодни светла од Automotive Lighting, електричен систем за сопирање од Continental и централна електроника од Hella. Во продолжение се неколку од позначајните добавувачи на компоненти за електричниот СУВ на Audi.

Audi e-tron dobavuvaci proizvodstrvo 1
Завршната монтажа на батеријата се врши во Брисел, исто како и на целото возило

Добавувачи на компоненти за Audi e-tron

Каросерија

HBPO (челен носач), KSM (носачи на тркала), Meleghy (структурни каросериски елементи), Autoneum (изолација на челен ѕид на кабина), Kirchhoff (A-столбови, прагови, поткрила, челен ѕид на кабина), Hutchinson (заптивки на каросерија, водилки за прозорци, лајсни на прозорци), Tower Automotive (кош на мотор, под напред и назад), Junkerwerk Linder (заптивки), Montaplast (заден спојлер, облоги на поткрила, облоги на врати), Linde + Wiemann (попречен носач, прагови), Benteler (заварени модули за A-/B-столбови), Faist ChemTec (изолација на каросерија), Carcoustics (облоги за зајакнување на покрив), Stabilus (гасни амортизери за преден и заден капак)

Кабина

Continental (облога на арматурна табла, пенеста фолија на облога на врата, материјал на седишта / средишна конзола / потпирачи за рака, ПВЦ-фолија на облога на багажник), Müller-Technik (делови за средишна конзола), KSM (лежишта на педали), Autoneum (теписи), Kostal (механизам на ретровизори / механизам на управувачки столб / старт-стоп, модул на управувачки столб), Lübke & Vogt (облога за средишна конзола), Dr. Schneider (отвори за воздух, делови од арматурна табла, украси),
Megatech (столбови), Hella (таван)

Системи за безбедност

Continental (камери, контролен уред за воздушни перници)

Седишта

Adient (облоги), Continental (контрола на пневматски систем на седишта)

Брави

Kiekert (систем за заклучување на врати, автоматско повлекување на врати), Huf Hülsbeck & Fürst (брави)

Врати

Brose (отворање на заден капак), Huf Hülsbeck & Fürst (сензор за отворање на заден капак), Continental
(сензор во рачки на врата, контролен уред за заден капак)

Бришачи

Schlemmer (водови за вода за миење, сад за долевање), Valeo (рачки и метлички на преден бришач, мотор за заден бришач)

Навигација и инфо-забавни системи

Kathrein (дигитална кровна антена), Continental (проекциски дисплеј)

Систем за сопирање

Continental (електричен систем за сопирање)

Бандажи и гуми

Borbet, Ronal (алу-бандажи)

Лакови

Hemmelrath (хидрофил основа, проѕирен лак)

Стакла и ретровизори

Brose (механизми за подигнување на прозорски стакла)

Погонска единица и делови на електрична погонска единица

Audi (електромотор), LG Chem (батерија), Standard-Metallwerke (разладна цевка), HBPO (контрола на активни ламели за воздух), FST (куќиште на батерија, вратило на електрична погонска спрега), Hutchinson (разладни водови за батерија), Schaeffler (преносен механизам за електрична предна / задна оска), ElringKlinger (специјални заптивки), Federal-Mogul Powertrain (системки производи за заштита), Dräxlmaier (високоволтен преклопник, сензор за напон), Rheinmetall (кутија на батерија)

Пренос и погон

FST (манжетни на погонски вратила, заптивни прстени на вратила, заптивки на хидраулична контрола, стеги), Sumitomo Riko (лежишта)

Електрика/Електроника

HellermannTyton (спојници за кабли и стеги), Delfingen (заштита на кабли), Fränkische IP (заштитни цевки за кабли, заштитни црева), Lumberg (приклучни врски), Continental (контрола на лизгачки покрив), Schlemmer (канал за кабли, држачи, набрано црево), Hella (централна електроника)

Осветлување

Automotive Lighting (диодни предни светла, диодни задни светла), Continental (прекинувач за светла), Schlemmer (водови за прскалки за светла), Hella (задни светилки, контролен уред за диодни светилки)

Греење и ладење

Brose (вентилатор за греење / клима)

Управување

Brose (електромотори за управување)

Подвозје

KSM (делови за предна оска), Gestamp (составен модул на задна оска), NTN SNR (носачи на предни тркала), Benteler (водилки)

Audi E-tron, Намибија

Flickr Album Gallery Powered By: WP Frank

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

154
23 shares, 154 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743