155
72 shares, 155 points

Купувачите кои избираат во ценовните висини блиску до пет нули се сериозно предизвикани со последната понуда на Баварците. Audi e-tron во основната изведба чини едно Audi A1 под звучната граница од сто илјади евра. Електричниот погон бил скап и недостижен? Помалку од A8 или Q8, а пак повеќе од нив

Електричниот погон веќе одамна е реалност, но сега и дефинитивно. Audi започнува со нарачки за својата најголема моделска ѕвезда за оваа година, за кросоверот со електричен погон и со име e-tron, коешто не остава простор за двоумење околу видот на погон. Целосната моделска ознака гласи Audi e-tron 55 quattro, а вредноста на продажниот договор во чиешто заглавје стои оваа ознака изнесува најмалку 79.900 евра. Тоа е основната цена за моделот на германскиот пазар, кадешто моментно важи и субвенција за електромобили во висина од 4.000 евра, што значи дека конечната цена за германските купувачи би стартувала од 75.900 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Масивниот кросовер со моќност од 360 КС и вртежен момент од 561 Nm, односно со краткотрајна испорака на 408 КС и 664 Nm, со батерија од 95 киловатчасови и потрошувачка од најмалку 22,6 киловатчасови на сто километри според WLTP, во ценовникот на Audi се позиционира меѓу Audi Q8 50 TDI (3,0 литри, 286 КС) вреден 76.300 евра (во Германија), и Audi A8 50 TDI, како привремен топ-модел со цена од 91.900 евра.

Сопирачки клешти во портокалова боја, во бојата на високиот напон

Дополнителен печат во надворешната појава на Audi e-tron оставаат бандажите со посебен дизајн, кој асоцира на калем. Секако дека оваа стилска посебност не е евтина. Во најоптимистичката варијанта, бандажи од 21 инч со гуми 265/45 чинат 1850 евра. Возачите на пионерот на електричниот погон со печат „Made in Germany“ (иако е поточно „Made in Belgium“) веројатно нема да се двоумат околу изборот на една од одумдесетте специјални каросериски бои од понудата на Audi exclusive. Цената за таа опција: 2.900 евра. Како детал што го нагласува на електричниот погон може да се изберат и „високонапонско“ портокалови сопирачки клешти, со доплата од 400 евра.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Бандажите се најмалку интересната ставка во ценовникот за електричниот Audi. Тоа што привлече многу интерес при премиерата беа таканаречените виртуелни ретровизори. Станува збор за систем од камери на местото на класичните ретровизори, во комбинација со дисплеи во вратите. Замената на огледалото со камери носи и мноштво нови функции. Цената на оваа ставка од дополнителната опрема: 1.540 евра.

Списокот на опции е релативно кус, затоа што веќе стандардното ниво на опременост нуди речиси се’ што може да се посака, па и повеќе

Во ценовникот од 84 страници нема други спектакуларни ставки од дополнителната опрема. Стандардното ниво на опременост на Audi e-tron не остава простор за тоа. Кус извод на ставките со кои секој e-tron излегува од фабриката во Брисел:

  • Алу-бандажи од 19 инчи и гуми 255/55
  • Електрично отворање и затворање на капакот на багажникот
  • Звучна изолација на ветробранот
  • Избор на три различни степени на рекуперација, преку копчиња на воланот (според Audi, во најсилниот степен речиси и нема потреба да се притиска сопирачката)
  • Двозонска автоматска клима, со филтер за ПМ, во комбинација со топлинска пумпа која ја користи топлината од компонентите на електричниот погон и ја загрева внатрешноста
  • Климатизација на кабината при мирување на возилото, се програмира директно во возилото или преку апликација.
  • Виртуелен кокпит со дисплеј од 12,3 инчи (31 сантиметар)
  • Радио MMI со дисплеј од 10,1 инчи (ca. 26 сантиметри), со MMI touch response, 10 звучници, навигација, обновување на картите преку интернет, асистент за ефикасност и цела низа други функции
  • Радарски темпомат, со автоматско опдржување на брзината во распон од 20 до 200 km/h
  • Паркинг сензори напред, странично и назад
  • Систем за предупредување при напуштање лента, со активен зафат во управувањето
  • Пневматска амортизација, со автоматско дотерување на висина и тврдост, можност за рачно подигнување на возилото
  • Погон quattro, со поголема флексибилност и побрза реакција, благодарение на електромоторите
  • Прогресивно управување со променлив преносен однос
New photo by Automedia MK / Google Photos

Покрај стандардната, постои и „напредна“ изведба на Audi e-tron, којашто додава повеќе стил во надворешниот изглед, преку каросериски додатоци во сива металик боја, петкраки бандажи со пречник од 20 инчи, со заштитен панел напред и дифузорски модул назад, во мат сива боја. Во тој случај, цената според германскиот ценовник изнесува 81.350 евра.

За 800 евра може да се направи ВИП-посета на Инголштат, плус ручок во ресторанот Нуволари

Баварците ништо не препуштаат на случајност, па нудат и можност за преземање на возилото од фабриката на Audi во Инголштат или Некарсулм – иако e-tron ќе допатува од Брисел – со вклучено разгледување на погоните, на музејот и ручек во прочуениот ресторан на Audi, Нуволари, именуван според една од најголемите тркачки легенди во историјата на марката. Сето тоа чини најмалку 800 евра. Постојат опции и во тој поглед.

Конкуренти? „Можеби“ Tesla Model X, вредна 95.300 евра на тамошниот пазар, со батерија со 75 киловатчасови… Електричниот погон веќе одамна е реалност, но сега и дефинитивно.

Кои фирми испорачуваат делови за електричниот Audi e-tron

Audi e-tron не е „само“ електричен СУВ

Audi e-tron: Електричен СУВ во напаѓачки модус

Стартува производството на електричниот Audi e-tron

Електричниот Audi e-tron полни удолу исто колку што троши угоре

Audi PB18 e-tron како да вози на „четирифазна“ струја


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

155
72 shares, 155 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format