137
24 shares, 137 points

Во салонски простор со помали димензии, но во срцето на Варшава, отворен е петтиот Audi City во светот. Виртуелната реалност од корен го менува концептот на авто салоните на иднината

Audi прави премиум карактерот на марката да се чувствува уште повеќе во салоните. Во срцето на полската престолнина е отворен петтиот Audi City во светот. На површина од 530 метри квадратни, купувачите можат да ја осознаат целосната моделска понуда на Audi со користење на виртуелна реалност.

Audi City Varsava Polska 3

Премиум марката на концернот Volkswagen уште во 2012 година започна со отворање на таканаречени Audi City, со идеја возилата да се прикажат виртуелно на градските локации со најголема раздвиженост на луѓето, во самите градски јадра. Таму е прескапо да се распосле комплетната гама и потребно е многу простор, што е апсолутно неизводливо во светските метрополи. „Градовите на Audi“ имаат релативно помала површина, но преку примената на напредна технологија, ништо не им се ускратува на купувачите од тоа што ќе го добијат во салоните, кои обично се далеку од центарот.

Варшавскиот Audi City е петти во светот, по Берлин, Истанбул, Москва и Париз

Варшавскиот Audi City има два ката, со помалку нагласок на неколкуте изложени автомобили, а повеќе нагласок на виртуелната реалност. На неколку станици, со користење на VR-очила, може да се конфигурира идното возило, да се изберат опциите и можностите за оставање личен печат во изгледот на возилото.

Audi City Varsava Polska 2

Договарањето на начинот на плаќање и потпишувањето на договорот се врши во комплетно дигитализирани модули, таканаречени „Customer Private Lounges“. Новиот салон во Варшава прави чекор напред и во поглед на ефикасноста, затоа што во него за четирипати се смалени трошоците за енергија, хардвер и работа.

Audi City Varsava Polska 4

Audi e-tron: Електричен СУВ во напаѓачки модус

Mercedes E-Class го натпродаде Audi A6 на германскиот пазар

Audi PB18 e-tron како да вози на „четирифазна“ струја


Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

137
24 shares, 137 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743