за

Audi, BMW или Mercedes: Која марка има најмногу модели во понудата?

Трите премиум марки се борат секаде каде што може и треба. До поголема продажба се доаѓа и преку поголем број на модели во понудата. Но, која марка во моментов предводи во разновидноста од модели?

Традиционалната битка меѓу трите премиум марки на Германците во последните години повеќе не се води само околу тоа кој ќе продаде најмногу возила, туку се чини дека Audi, BMW и Mercedes се натпреваруваат и во тоа кој ќе има најмногу модели во понудата – што повторно е поврзано со бројот на продадени возила. На секој чекор на конкурентот веднаш се одговара, но и се гледа секоја шанса да се искористи за чекор понапред од конкуренцијата.

Секоја од трите марки има по нешто повеќе од другите, но и секогаш нешто недостига. Се нудат вкупно 38 различни типови на возила, но никоја не ги нуди сите. Audi во моментов е осамен со новиот Q2
Секоја од трите марки има по нешто повеќе од другите, но и секогаш нешто недостига. Се нудат вкупно 38 различни типови на возила, но никоја не ги нуди сите. Audi во моментов е осамен со новиот Q2

Купе-теренецот Mercedes GLE Coupe, на пример, претставува одговор на BMW X6, додека од друга страна, ванот BMW Active Tourer од серијата 2 е одговор на класата B на Mercedes. Истото важи и за двојката Mercedes CLS и Gran Coupe од серијата 6 на BMW. Audi пак, осамен е со суперспорскиот R8, за кого уште недостига пандан од Штутгарт или Минхен, откако Mercedes реши SLS да го „пресели“ во класа подолу.

Која од трите германски премиум-марки има најмногу модели во понудата? На неодамнешниот салон во Женева, Audi го претстави новиот Q2 и со тоа ги предизвикува конкурентите Audi и Mercedes во сегмент што тие уште не го покриваат со соодветен модел. Секако дека BMW за тоа го има Mini Countryman, но тука ќе ги земеме во предвид само моделите од матичните марки, без Smart, Volkswagen, Seat, Skoda или Mini.

Mercedes не ги пропушта најскапите сегменти, таму каде што и заработката е најголема. Секако дека и стратегијата е важна, не само да се „пуштаат“ нови модели
Mercedes не ги пропушта најскапите сегменти, таму каде што и заработката е најголема. Секако дека и стратегијата е важна, не само да се „пуштаат“ нови модели

Трите марки заедно покриваат дури 38 различни класи, типови и сегменти со своите модели. Водечки по разновидноста на понудата е Mercedes, со 28 различни моделски изведби, по него следи BMW со 23 изведби и на крајот е Audi, со „само“ 17 различни модели. Засега никоја марка не го покрива целосно овој потенцијален дијапазон од 38 моделски изведби.

Но, овој сооднос наскоро ќе се менува драстично. BMW го подготвува знаменосецот во теренската понуда X7, којшто ќе му се спротивстави на Mercedes GLS, но и Audi не мирува и исто така работи на теренски модел од високата класа кој ќе биде позициониран над Q7. Баварците работат и на купе-лимузина од серијата 2, како одговор на Mercedes CLA и лимузинската изведба на Audi A3.

Засега, соодносот на силите на трите премиум марки е следниов:

  Audi BMW Mercedes-Benz
Градски возила A1
Мултифункциско возило Citan Tourer
Компакт комбилимузина A3 Серија 1 Класа A
Компактна лимузина A3 Limousine CLA
Компактен кабриолет / купе – / A3 Cabriolet Серија 2 Coupe / Cabriolet – / –
Компактен ван Серија 2 Active Tourer Класа B
Средна класа, лимузина A4 Серија 3 Класа C
Средна класа, комбилимузина Серија 3 GT
Средна класа, купе / кабриолет A5 Coupé / Cabriolet Серија 4 Coupe / Cabriolet Класа C Coupe / Cabriolet
Средна класа, купе-лимузина A5 Sportback Серија 4 Gran Coupe
Виша класа, лимузина / купе / кабриолет A6 / – / – Серија 5 / – / – Класа E / Coupe / Cabriolet
Виша класа, комбилимузина Серија 5 GT
Виша класа, купе / кабриолет – / – Серија 6 Coupe / Cabriolet – / SL
Виша класа, купе-лимузина, комби-купе A7 / – Серија 6 Gran Coupé / – Класа CLS / Shooting Brake
Висока класа / Луксузна класа A8 / – Серија 7 / – Класа S / Maybach
Висока класа купе / кабриолет – / – – / – Класа S Coupe / Cabriolet
Ван, виша класа Класа V
Компактен кросовер Q2
Компактен теренец Q3 X1 Класа GLA
Теренец, средна класа Q5 X3 Класа GLC
Купе-теренец, средна класа X4 Класа GLC Coupe
Теренец, виша класа Q7 X5 Класа GLE
Купе-теренец, виша класа X6 Класа GLE Coupe
Теренец, висока класа Класа GLS
Теренец, класичен Класа G
Компактен родстер TT Z4

 

Класа SLC
Градски електричен автомобил i3 Класа B Electric Drive
Спортски електричен автомобил i8
Спортско купе AMG GT
Суперспортско купе R8

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Uber ќе нарачува сто илјади примероци од Mercedes S-Class?

Европската продажба на автомобили триесет месеци во постојан раст