за

Audi станува домашна марка автомобили во Алжир

audi, монтажа алжир

Увозникот на Audi во Алжир започнува со завршна монтажа на Audi A3 и Audi Q2 од готови модули. Во фабриката веќе се произведуваат неколку модели на Volkswagen, Skoda и Seat

Audi и долгогодишниот увозник на марката на алжирскиот пазар, компанијата Совак, го одбележаа стартот на производството на три модели во земјата. Во Релизане, престолнина на истоимената провинција, ќе се произведуваат Audi A3 Sportback, A3 Limousine и Audi Q2. Годишниот капацитет во почетокот изнесува 3.000 возила од марката Audi. Фабриката уште лани стартуваше со производство на повеќе модели од концернот Volkswagen.

Совак С.П.А. Алжир во минатата година изгради производствен капацитет во регионот Релизане, на оддалеченост од 220 километри западно од Алжир. Дневната продукција постепено се зголемуваше до сегашните 200 автомобили. Во фабриката се врши монтажа на моделите Volkswagen Golf, Polo, Tiguan, Passat и Caddy, Škoda Octavia, Rapid и Fabia, како и Seat Ibiza, Arona, Leon и Ateca.

Volkswagen, Skoda и Seat од иста фабрика во Алжир

Единствен преживеан од неговиот вид: V10 во Audi R8

Кои фирми испорачуваат делови за електричниот Audi e-tron

Петтиот Audi City во светот е отворен во Варшава

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mitsubishi eclipse cross

Mitsubishi Eclipse Cross избран за кросовер на годината во Германија

Тркачка патека за помалку агресија по улиците