Користени возила

Audi A6 оценет како најиздржливо користено возило според Декра

Германската асоцијација за технички преглед на возила Декра во извештајот за оваа година го стави Audi A6 на првото место, како модел со најмалку дефекти. По него следи Mercedes, па повторно Audi.

Audi A6 е автомобилот со најмала шанса да му се случи дефект, од сите класи на возила и во сите подрачја на измината километража. Тоа е резултатот од извештајот за користени возила за оваа година на германската организација за технички преглед на возила Декра. На второто место се најде класата Е на Mercedes, а потоа уште еден модел на Audi, теренецот од средната класа Q5. Во ланскиот извештај, првото место му припадна на моделот на Mercedes.

Најдобро рангирани модели по одделни класи на возила, со километража до 50.000 километри (вредноста на индексот во заграда покажува колкав процент од проверените возила се без каков било дефект):

Експертите на Декра при оценувањето во извештајот се раководат според податоците добиени од 15 милиони технички прегледи на возила годишно. Во извештајот влегуваат само модели што над 1.000 извршени технички прегледи. За пет години, бројот на модели што учествуваат во извештајот се зголемил повеќе од двојно, од 232 на вкупно 474 модели. Притоа, во предвид се земаат само дефектите што произлегуваат од техниката на самото возило, а не и дефектите што се резултат од слабото одржување на возилата од страна на сопствениците.

Победник во сите класи на возила и категории на километража за оваа година е Audi A6 (2011)
Победник во сите класи на возила и категории на километража за оваа година е Audi A6 (2011)

Во останатите класи во оваа година се најдоа четири германски и пет странски марки, наспроти минатата година, кога само две странски марки се најдоа на победничкиот пиедестал во одделните класи. Според шефот на Декра, Герд Нојман, „тоа е знак дека сите производители сериозно се посветуваат на квалитетот на нивните возила.

Скапите модели од вишата и високата класа, како и теренските возила во целина имаат најмалку недостатоци и соодветно на тоа постигнуваат висок индекс. Наспроти тоа, мини и градските возила се почувствителни. Дефектите се појавуваат најчесто во електрониката и во осветлувањето, додека корозијата повеќе не игра значајна улога. Тоа што системите за асистенција се вградуваат во се поголема мера, според Декра не влијае негативно врз резултатот.

Извештајот покрива три категории на изминати километражи: од 0 до 50.000, од 50.000 до 100.000 и од 100.000 до 150.000 километри. Во табелата во продолжение е деталниот преглед за трите најдобро пласирани модели во сите класи на возила и категории на километража.

Класа на возило 0 – 50.000 km (Моделска година) 50.001 – 100.000 km (Моделска година) 100.001 – 150.000 km (Моделска година)
Мини и градски возила Toyota Yaris(2011)

Audi A1 (2010)

Suzuki Swift (2010)

Audi A1 (2010)

Toyota iQ (2008)

Suzuki Swift (2010)

Mazda 2 (2007)

VW Polo (2009)

Ford Fiesta (2008)

Компакт класа Honda Civic (2011)

Hyundai i30 (2011)

BMW 1 (2011)

BMW 1 (2011)

Mazda 3 (2009)

Citroën C4 (2010)

Toyota Prius (2003)

Ford Focus (2010)

Opel Astra(2009)

Средна класа Volvo S60 / V60 (2010) Mercedes-Benz C-Class (2007)

Audi A4 (2008)

Volvo S60 / V60 (2010)

Audi A4 (2008)

Audi A5(2007)

BMW 3 (2011)

Audi A5 (2007)

Audi A4 (2008)

Виша и висока класа Mercedes-Benz CLS (2010)

Mercedes-Benz E-Class (2009)

Audi A6 (2011)

Mercedes-Benz CLS (2010)

Audi A6 (2011)

Audi A7 (2010)

Audi A6 (2011)

Mercedes-Benz E-Class (2009)

BMW 5 (2009)

Спортски / Кабрио Mercedes-Benz SLK (2011)

BMW Z4 (2009)

BMW 6 (2011)

BMW Z4 (2009)

Audi TT (2006)

Porsche 911 (2004)

Audi TT (2006)

VW Scirocco (2008)

VW Eos (2006)

Теренци / Кросовери Mercedes-Benz M-Class (2011)

Mercedes-Benz GLK (2008)

Volvo XC60 (2008)

Mercedes-Benz M-Class  (2011)

Audi Q5  (2008)

Audi Q3 (2011)

Audi Q5  (2008)

Volvo XC60 (2008)

Mercedes-Benz GLK (2008)

Ванови Mercedes-Benz B-Class (2011)

Ford C-Max (2010)

Hyundai ix20 (2010)

Mercedes-Benz B-Class (2011)

Opel Meriva (2010)

Ford C-Max (2010)

VW Sharan (2010)

Renault Scenic (2009)

Toyota Corolla Verso (2004)

Доставни возила Opel Combo (2011)

Mercedes-Benz Vito/Viano (2003)

VW Amarok (2010)

VW Amarok (2010)

Mercedes-Benz Vito/Viano (2003)

Fiat Doblo (2010)

Peugeot Partner (2008)

Citroën Berlingo (2008)

Mercedes-Benz Vito/Viano (2003)

Комби возила Renault Master (2010)

Mercedes-Benz Sprinter (2006)

Opel Movano (2010)

Renault Master (2010)

Mercedes-Benz Sprinter (2006)

Opel Movano (2010)

VW Crafter (2006)

Mercedes-Benz Sprinter  (2006)

Peugeot Boxer (2006)

Ознаки
loading...

Слични објави

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Откриен е Adblock

Ќе ни помогнете доколку ја исклучите вашиата блокада за реклами

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3729