140
19 shares, 140 points

Audi ги ангажираше сите инструменти да го најави пристигањето на новиот A5. Големата врева не е без причина. Купе моделите имаат оставено силен печат во историјата на марката од Инголштат.

Во баварскиот Инголштат деновиве се прославува новиот модел во гамата на Audi, купето A5. Посебно по тој повод, во музејот на марката со четирите прстени се изложени сите претходници и сите купеа што ја имаат одбележано историјата на Audi и воопшто на автомобилизмот и претставуваат нераздвоен дел од традицијата на марката. Од NSU Sport-Prinz, преку Audi Sport quattro, до дизајнерската икона TT, сите овие модели се вградени во имиџот на новиот A5.

Horch 853 Manuela

horch 853 manuela

Брзите автомобили во 1930-те години имаа заоблени и меки форми. Легендарниот гран-при пилот на тогашниот Auto Union, Бернд Роземајер, во 1937 година доби Horch 853 на подарок од својот работодавец. Роземајер побара каросериската работилница Erdmann & Rossi да изработи специјална каросерија за неговиот нов автомобил. Секој детал беше изработен точно според желбите на тркачката ѕвезда, вклучувајќи ја и внатрешноста.

Под хаубата работеше осумцилиндарец од Horch со работна зафатнина од пет литри и 120 КС. „Мануела“, како што Роземајер го нарече својот скапоцен двосед, без потешкотии ја понесе победата на еден од тогаш популарните „Concours d’Elegance“. Примерокот што моментно е изложен во музејот на Audi е репродукција, врз оригинална шасија на Horch и изработена по специјална нарачка од ентузијаст на марката.

DKW 3 = 6 „Sonderklasse“ F91 Coupé

DKW 3 = 6 „Sonderklasse“ F91 Coupé

Повоените автомобили од средната класа на DKW, моделот F89 (Meisterklasse – мајсторска класа) и неговиот наследник F91 (Sonderklasse – специјална класа), поседуваа каросерии скроени според дизајнот на еден автомобил од 1939 година, на аеродинамичниот F9. Името „специјална класа“ се однесува на трицилиндарскиот двотактен мотор, кој според рекламите на Auto Union работел исто толку смирено како шестцилиндарец.

Во раните 1950-ти години, работилницата Hebmüller изработи мала серија луксузни купеа врз шасијата од F89. Кабината е пониска и повеќе заоблена отколку кај лимузината, а соодветно на тоа и прозорците се пониски. По стечајот на каросериската работилница во 1952 година, конкурентот Karmann ги презеде недоработените каросерии и ги постави врз шасијата на наследникот F91. Ова купе од „специјалната класа“, со изобилството од хром внесе нота на гламур во понудата од модели на Auto Union. Денес се сочувани само 25 примероци од овој модел.

DKW 3 = 6 Monza

DKW 3 = 6 Monza

Татковци на „Монца“ се приватниот тркач на DKW, Гинтер Аренс и пионерот на тјунингот Албрехт В. Манцел. Во 1955 година, тие нарачаа каросериската работилница Dannenhauser & Strauss да ја постави каросеријата дизајнирана според нивен нацрт и изработена од рачно ламиниран фиберглас врз DKW „Sonderklasse“. Аренс постави повеќе брзински рекорди на тркачката патека во Монца, којашто тогаш беше класична овална патека со свијоци под нагиб. Трицилиндарецот со 44 КС му обезбедуваше крајна брзина од 140 km/h на нискиот и лесен двосед.

Каросериските работилници во Ханделберг и Штутгарт изработија серија од 230 примероци до 1960 година. Крилата се изработуваа рачно, така што ниту еден примерок од Monza не е идентичен до милиметар со друг примерок.

Auto Union 1000 SP Coupé

Auto Union 1000 SP Coupé

Auto Union самостојно го дизајнираше 1000 SP, како спортски наследник на DKW Monza. Тогашниот главен дизајнер Јозеф „Јуп“ Динст, фанатик по футуристичкиот американски дизајн, креираше двосед со строго триделна каросерија долга четири метри. Со голема хромирана маска, панорамски ветробран, ниски страници и остар опаш, 1000 SP (Spezial) претставуваше интерпретација на тогашните американски лимузини од соништата.

Производството започна во 1958 година. Каросеријата се изработуваше кај Baur во Штутгарт, а монтажата врз шасијата на DKW 1000 S се одвиваше во Инголштат. Во есента 1961 година, на купето му се придружи и верзија со отворена каросерија. Auto Union беше горд на својот автомобил, кој со трицилиндарски двотактен мотор со 55 КС чинеше исто колку Porsche 356.

NSU Sport-Prinz

NSU Sport-Prinz

Претставен во 1959 година, NSU Sport-Prinz има дизајн од Bertone, со препознатливата трапезна линија на тогашниот стил на италијанскиот специјалист. Каросериските превиси се куси, а елегантното спуштање на опашот дава впечаток како четириседот да се наоѓа во движење и кога мирува. Со 3,56 метри, Sport-Prinz беше меѓу најкусите купеа на германскиот пазар.

Техниката потекнуваше од лимузинскиот Prinz, со когошто NSU се врати во автомобилскиот бизнис во 1958 година. Двоцилиндарецот од 0,6 литар со 30 КС му даваше солидна динамика на возилото тешко под 600 килограми. Моторот со воздушно ладење обезбедуваше добра тракција на задните тркала и Sport-Prinz беше вистински шампион во слалом и на ридските патеки. Во изработката учествуваа Bertone и фабриката за каросерии Drauz во Хајлброн.

Audi 100 Coupé S

Audi 100 Coupé S

Во доцните 1960-ти години започна ерата на големите промени во Инголштат. Марката Audi се врати на сцената во 1965 година, за три години подоцна да следи првиот Audi 100, развиен од др. Лудвиг Краус. Во 1969 година беше претставено и Audi 100 Coupé S, со скусено меѓуоскино растојание. Четирицилиндарецот од 1,9 литар и 115 КС ги движеше предните тркала.

Лудвиг Краус беше голем љубител на тогашниот италијански дизајн. Линијата на 100 Coupé S за првпат кај купе-модел на Audi беше креирана во Инголштат, но главниот дизајнер Хартмут Варкус сепак се раководеше според идеите од Bertone и Giugiaro. Покривот е низок и исто така се спушта ниско, со отвори за проветрување што ги нагласуваат тесните задни столбови.

Audi Coupé GT 5E

Audi Coupé GT 5E

Audi Coupe кој се појави во 1980 година врз основа на Audi 80, најверодостојно го прикажуваше дизанерскиот правец на тоа време, со остри рабови и геометриски форми. Купето се одликува со хоризонтални линии што речиси паралелно го следат целото возило. Предниот дел со двојни светла и моќниот опаш завршуваат вертикално.

За разлика од неговиот брат, првиот quattro, купето користи обична техника, вклучувајќи и петцилиндарски мотори. Врвната верзија Coupe quattro имаше 136 КС.

Audi quattro

Audi quattro

„Сакавме да симболизираме автомобил што ќе изгледа како да е сраснат со земјата. Тој не требаше да прикажува елеганција, туку способност.“ Така дизајнерот Хартмут Варкус го опиша Audi quattro. Автомобилот што дебитираше во 1980 година ја постигнува емотивната моќ преку строга редукција на дизајнот и неколку спортски додатоци. Големите спојлери напред и назад придонесуваат тој да изгледа помоќно во споредба со Audi Coupé, а острите рабови на испакнатите крила му даваат застрашувачка појава.

Првиот Audi quattro остана во понуда цели единаесет години и остави посилен печат од кој било друг модел. Петицилиндарскиот турбо и постојаниот погон на сите тркала претставуваа закана на патиштата и надмоќ во рели-спортот. „Пра-кватро“, како што го нарекуваат Германците (Ur-quattro), му обезбеди пробив на погонот на сите тркала во сериското производство, постигнувајќи дотогаш непознати сфери во возната динамика. Audi оттогаш е нераздвоен член на премиум лигата на автомобилски производители. Овој модел претставува историска пресвртница.

Audi Sport quattro

Audi Sport quattro

Audi Sport quattro се појави во 1984 година како еволуциски степен на „пра-кватро“, како беспрекорна машина за возење. Меѓуоскиното растојание беше скусено за 30 сантиметри, крилата беа дополнително извлечени, а вратите беа преземени од Audi 80. Голем дел од каросеријата се состоеше од ултралесен арамид, поради што палетата беше ограничена на само четири обични бои. Монтажата на овие делови од каросеријата се одвиваше во Baur, во Штутгарт.

Петцилиндарскиот мотор со четири вентили по цилиндар ослободуваше 306 КС и со него Sport quattro беше најбрз сериски автомобил во светот, до појавувањето на Porsche 959. Цената изнесуваше 200.000 германски марки, се изработија само 224 примероци. Audi Sport quattro е еден од најзначајните модели во историјата на марката. Истото важи и за рели-верзијата, заради чијашто хомологација беше и изработен серискиот Sport quattro.

Audi Coupé 2.3 E

Audi Coupé 2.3 E

Третата генерација на лимузината Audi 80 беше претставена во 1986 година, со впечатлив дизајн. Чисти линии и заоблени површини ја сочинуваа каросериската основа со клинеста форма, на што се надоврзуваа елегантен покрив и заоблен опаш. Купето пристигна по две години како наследник на „пра-кватро“, идентично со лимузината до средишниот столб и целосно различно во остатокот од каросеријата.

Каросеријата на Audi Coupé B3 беше скроена во аеродинамичен тунел и поседуваше коефициент на отпор на воздух 0,32. Силните страни на купето беа во секојдневната практичност, со простор за четири патници и голем багажник со лесен пристап. Врвната верзија S2 поседуваше погон на сите тркала и петцилиндарски турбо со 230 КС.

Audi TT

Audi TT

Долгото наследство на Audi во автомобилскиот дизајн достигна кулминација со претставувањето на TT во 1998 година. Компактниот спортист беше вистинска сензација, со каросерија изработена како од едно парче и со вешта игра со кругови, лакови и хоризонтални линии. Мал дизајнерски тим го сработи TT во рекордно кус рок, исклучен од надворешниот свет, полн со креативна слобода и со страст да се постигне совршена форма.

Безвремената архитектура уште од старт му обезбеди на TT статус на дизајнерска икона. Купето даде силни импулси за развојот на Audi. Спортскиот карактер го нагласуваа моќни четирицилиндарски мотори со турбонатполнење, вклучувајќи и погон quattro во врвните моделски изведби. Во 1999 година следеше и родстер изведбата. Пред завршетокот на производството, TT доби мотор V6 и менувач со двојна спојка, прераснувајќи во вистински спортски автомобил.

Audi A5 Coupé

Audi A5 Coupé

Audi A5 постигна револуција внесувајќи ги формите на скапите спортски купеа во средната класа. Препознатливата едноделна маска за првпат го красеше дизајнот на купе-модел на Audi. Каросеријата со моќна форма носи низок и елегантен покрив, додека отстрана е впечатлива линијата што прави лесен скок над задните тркала. Секоја површина е мека, елегантна и моделирана со максимална прецизност.

Низ годините, Audi ја прошири понудата од моделски изведби, со купе-лимузината Sportback, со кабриолет и со спортските изведби S5 и RS 5. Истата разновидност важи и за моторите и за преносот на силата. Врв во понудата е RS 5, со мотор V8 со 450 КС.

Сите претходници на Audi A5 Coupe

Flickr Album Gallery Powered By: Weblizar

Ти се допаѓа? Сподели со пријателите!

140
19 shares, 140 points
Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

0 Comments

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Choose A Format
Personality quiz
Series of questions that intends to reveal something about the personality
Trivia quiz
Series of questions with right and wrong answers that intends to check knowledge
Poll
Voting to make decisions or determine opinions
Story
Formatted Text with Embeds and Visuals
List
The Classic Internet Listicles
Countdown
The Classic Internet Countdowns
Open List
Submit your own item and vote up for the best submission
Ranked List
Upvote or downvote to decide the best list item
Meme
Upload your own images to make custom memes
Video
Youtube, Vimeo or Vine Embeds
Audio
Soundcloud or Mixcloud Embeds
Image
Photo or GIF
Gif
GIF format

Notice: ob_end_flush(): failed to send buffer of zlib output compression (0) in /home/automedi/public_html/wp-includes/functions.php on line 3743